Најнови

– Сине, тетка Милка си заминува. Што треба да кажеш?

– Не знам, мамо…
– А не ли си слушнал јас што велам во такви случаи!
– А, да! „Конечно си замина оваа свињата, две чинии слатки изеде со кафето!“

Мажот гледа слики на голи жени на компјутер. Жена му пополека се прикрадува и тивко застанува зад него. По едно време му вели:

– Стој!
Мажот се стресува, веднаш се препотува и мисли како да се извлече.
Жената:
– Врати една назад!
Мажот послушно враќа една слика назад и чека да започне кавгата.
– Е вакви завеси сакам во кујната!

Седат двајца непознати на шанкот во еден бар. Едниот вели:

– Последната пијачка…
Другиот:
– Зошто?
– Па секогаш кога ќе претерам со алкохолот, наредниот ден сум како претепан. И тебе ли
ти е така?
– А не! Јас сум ерген…

Влагам у ВЦ у Рамстор, и седнувам на шољата. Кога од соседната кабина слушам:

- Здраво, како си?
Пукнав од срам, некако успеав да одговорам "Добро еве..."
- Што ќе праиш сеа?
Реков: "Па најверојатно истото што и ти".
- Епа ајде ќе дојдам таму јас.
Жива вода се напраив, и му викам :
- "Бегај бе будала ли си што бараш овде?!"
И кога слушам чоеков вика:
- " Е ај ќе ти се јавам после, има еден идиот овде ми се убацува у муабет"...

– Денес ми ѕвони телефонот.

– Здраво, се јавуваме од банката.
– Да, повелете?
– Пред две недели ви ја испративме нашата нова кредитна картичка. Ќе ја користите ли?
– Да, да, јас веќе ја користам.
– Но како ја користите кога не е активирана?!
– Секое сабајле со неа си го чистам мразот од колата…

- Може ли да добиjам троj броj?

- Пишуваш ли?
- Да.
- Запиши тогаш: НЕ!

Има да најдам маж, кој ќе удри со раката по маса, и ќе каже:

"Срце, донеси ми топла вода да ги измијам садовите"