Најпопуларни

Жена му вика на својот мажот:

- Види се колку си пропаднат, само пиеш ли пиеш - не можам да продолжам да живеам со тебе - уште утре одам и поднесувам барање за развод!
- Добро де, оди поднеси и потоа кога ќе излезеш на плоштадот луѓето сите ќе викат - ја гледате ли онаа, и Киро пијаницата дури ја остави ..

Во канцелариjата со пет вработени влегува шефот и им вели со висок тох:

- А бе, нели забранив за време на работа да се пуше!
- Е коj работе?!

Пред аптеката рано наутро стои млад дечко и замислено гледа во излогот. Доаѓа аптекарката на работа и го прашува:

– Презервативи ли ќе ви требаат?
– Веќе е касно. Дајте ми 2 кутии бебешко млеко.

– Дедо Попе, ми умре мачката! Да ја опееш, а?

– Не бива, чедо! Само за луѓе е тука! Оди во протестантската црква, таму за пари сѐ ќе направат!
– А, 500 евра дали ќе ми стигнат?
– Абе ти, зошто не кажуваш дека мачето е крстено?

Блажо а отепал Мара, и судијата го прашуе;

-Оти бре Блаже а отепа....
-Оти ногу е глупа и од контакт ме извади...
-Тоа не е причина...-Вака, над нас има фамилија ногу се куси, и расправам на Мара и она вика:
-Да, тоа се пиринеји...
-Мислиш пигмеи...
-Не, пигмеи е ноа шо ни се наоѓа под кожа...
-Маре, тоа е пигмент....
-Грешка си, пигмент е тоа на шо пишуеле старите Грци...
-Леле Маре мори, тоа е пергамент...
-Врска немаш, пергамент е некој каа че прочита само еден дел од некое дело....
Ја се изнервира судија, си седна на троседот, и после 5 минути еваа се доклевка до мене со една книга, и почна да чита наглас.....
-Блаже гледај, сончева тераса од рачна торба била учителка на макрото 15..
-Леле глупа жено воа е на француски, La Marquise de Pompadour est la Maitresse de Luuis XV, а тоа значи дека Маркиза де Помпадур му била љубљвница на Луј xv....
-Грешка си де, ја џабе не оде на часеви на Француски со мојот легионар....
-Да не мислиш лектор.....
-Па си грешка, лектор е Грчки херој...
-Тоа е Хектор и он бил Тројанец....
-Не, хектор е мерка за површина....
-Леле глуперда, мори тоа е хектар...
-Ти си торко, хектар е пијалок на боговите...
-Тоа е нектар глупачо.....
-Тоа река у Германија бре....
-Реката се вика Некар....
-Врска немаш ти, ја каа мала со другарката пееме дуо за реката Нектар..
-Тоа се вика дует...
-Дует е каа играат Тиквеш и Неготински Вардар....
И мене тоги ми пукна филмот судија, и го зе чеканот и а сот'чи главата...
-Слободен си, ја да бе че а опне со чеканот уште кај Хектор....

Медицинската сестра се наведнала над креветот на еден пациент и му става инјекција. Од позади еден друг болен дофрлува:

– Леле, какви здрави заби имате сестро!
– Зошто ми зборувате такви глупости? Како можете да ми ги видите забите, кога јас сум ви свртена со грб? – Вели нервозно медицинската сестра и продолжува со работа.
– Со слаби заби, таков газ не се најадува!

Млад актер ја добил првата улога и му се јавува на својот татко:

– Тато, добив улога, ќе играм сопруг, 25 години во брак! Исто како ти со мама.
Таткото:
– Не е лошо како за почеток, следниот пат можеби ќе ти дадат и улога со реплики!

Мара го буди Перо ноќеска во 3 саатот и му вика:

– Абе Перо вчера во фрижидерот оставив 3 шишиња ракија, зошто сега има само 1?
– Затоа што не сум го видел…

– Тато, ќе се женам!

– Не ли си млад сине, имаш само 20 години?
– Така решив.
– Штом така си решил добро. И како се вика снаата?
– Тодор.
– Како Тодор?! Па тоа е момче!
– Како не момче! 45 години има…