Попот држи проповед пред насобраните верници:

- Љубомора отсекогаш постоела и ќе постои. Затоа и не постои човек без непријатели. Ако има тука некој таков, веднаш нека се јави.
- Јас попе.
- Кој е тоа?
Се јавува стара бабичка:
- Јас немам непријатели попе.
- Тогаш излези тука пред сите и раскажи ни зошто немаш непријатели.
Бабичката излегува и извикува пред сите:
- Немам непријатели. Ги надживеав кучките!