Умира Фидел Кастро и со чадор доаѓа до пред рајските порти. Таму Свети Петар му вели:
- Седнете, почекајте да видам каде имаме резервирано место за вас.
Гледа Свети Петар во главниот список Фидел го нема, го нема ни во дополнителниот список. Што да прави, луѓе умираат во толпи, рајот преполн со народ, пик сезона е. Му вика на Фидел:
- Ништо не можам да направам пријателе, туку ти спушти се во пеколот да видиш што ќе направиш.
Оди Фидел Кастро во пеколот и таму го чека Луцифер со широко раширени раце за добредојде.
- Здраво живо, одамна те чекаме овде. Ти имаме спремено соба со сите салтанати. Жени, цигари, комар, текила. Туку ајде да седниме да се напиеме по една за добредојде.
Седнале Луцифер и Фидел, јадат, пијат, прават муабет за животот, кога одеднаш Фидел се сетил дека си го заборавил чадорот кај Свети Петар. Луцифер му вика седи ти јас ќе средам. Вика две ѓаволчиња и им вели:
-Тркнете набрзина до рајот да го земите чадорот од командантот Фидел.
Одат ѓаолчињава во рајот, стигнуваат пред рајските порти, арно ама на Свети Петар му завршила смената и рајот бил затворен. Се мотаат ѓаолчињава наваму-натаму не знаат шо да прават. Да се вратат без чадор во пеколот не ја бива. Луцифер ќе се налути ќе ги свари. Мислат, мислат и решиле да ја преминат оградата.
Преминувајќи ја оградата од другата страна ги гледаат два Архангели, задолжени да ја чуваат границата и едниот му вика на другиот:
- Види, види што се дешава! Сѐ на сѐ 20 минути Фидел Кастро е во пеколот, а веќе почнаа да доаѓаат кај нас бегалци.
Некоја жена седела до поп во авион и го замолила:
- Попе ќе можете ли да ми помогнете?
- Ако е во моја моќ ќерко.
- Имам еден скап апарат за депилација, кој што никогаш не е употребен, ќе можете ли да го ставите под мантијата и да го пренесете преку царина, ако ми го најдат сигурно ќе платам голема царина.
- Ќерко јас не смеам да лажам, но сепак дајте ми го.
Кога се симнале од авионот, цариникот го прашал попот:
- Попе имате ли нешто да пријавите?
- Па од главата до половината немам.
- А од половината надоле?
- Имам апарат за жени што никогаш не е употребен
- Ха ха ха, следниот...
Фраер и се пушта на убава девојка, која предава веронаука во училиште. Ја кани на состанок и таа се согласува. Ја прашал:
- Може да се напиеме нешто?
- Не, благодарам. Ако прифатам покана на пијалок, што ќе им кажам потоа на своите ученици на часот по веронаука?
После долга прошетка по градот и понудува цигара, а таа одбива со зборовите:
- Не, благодарам, тоа никако. Што би им кажала на моите ученици по веронаука после такво нешто?
Се враќаат во кола, а на патот кон дома типот здогледува мотелче. Си помислил, ај, нема што да изгубам, па ја прашал:
- Сакаш да поминеме таму?
- Може!
- Му одговорила.
Изненаден од нејзиното прифаќање, ја прашува:
- Полека, полека, што ќе им кажеш на своите ученици по веронаука?
Таа му одговара ладнокрвно:
- Токму тоа што секогаш им го кажувам:
"Не мора да пиете и да пушите за да си поминете фино"
Градоначалникот на општината требало да одржи говор на прослава по повод 15 годишнината од службата на општинскиот свештеник.
Бидејќи градоначалникот доцнел, свештеникот решил да одржи краток говор за да помине времето.
- Првиот свој впечаток за општината јас го добив од првиот исповед.
- Кога го сослушав си помислив дека Архиепископот ме прати на ужасно место.
- Првиот човек кој се исповеда ми кажа дека крадел пари од своите родители, дека многу крадел на работното место, често ја изневерувал жената со пpoctиtуtkи, а понекогаш продавал и дрога.
- Како капак на сето тоа ми кажа дека се заразил со венерична болест од својата сестра.
- Бев потресен...
- Но со текот на времето се запознав и со другите луѓе и видов дека не се сите такви.
- Видов паметни, добри и одговорни луѓе.
- Ете така поминаа 15 години од мојата кариера како свештеник.
Конечно дошол и политичарот за да оддржи својот долгоочекуван говор. Се извинил за доцнењето и почнал:
- Никогаш нема да го заборавам тој ден кога се појави нашиот нов свештеник.
- За моја огромна среќа јас прв се исповедав кај него...
Се појавил Господ и им рекол на мажите да се постројат во две колони, во првата колона да застанат сите мажи кои се главни во бракот и кои се глава на фамилијата а во другата колона мажите кои се под влиjание на жените.
Се построиле мажите и што ќе виде Господ, колоната во која мажите се под влиjание на жените била километарски долга додека во другата колона имало само еден маж.
Се налутил Господ и почнал да вика:
- Како не ви е срам Јас ве создадов вас, за да бидете главни, глава на фамилијата, а не да ме срамите, да бидете под влијание на жените. Ништо не сте научиле, од вас сите само еден ги исполни моите очекувања.
Се свртел кон единствениот маж кој бил во другата колона и го прашал:
- Ајде кажи ми ти сине како ти успеа да бидеш единствен во ова колона?
Mажот одговорил:
- Немам појма, жена ми ми рече да застанам тука.