Skip to main content
Гужва во аптека, една девојка доаѓа на ред:
– Имате ли тест за бременост?
– Да, еве овој е германски, со точност до 96% и чини 300 денари.
– А нешто поефтино?
– Кинески, со точност до 75%, чини 100 денари.
– А нешто уште поевтино нема ли?
Од крајот на редот се слуша глас:
– Девојко, оди на ливадата, набери маргаритки – “да, не, да, не …” – со точност од 50%, но затоа пак е апсолутно бесплатен!
Некој човек имал голем проблем. Бил многу „надарен“ и постојано ги кинел кондомите.
По последното кинење на кондомот, малку нервозен, пошол во аптека, го извадил алатот, тропнал на масата и прашал:
- Дали можи да ми најдите големина на кондом за алатов?
Аптекарката го видела и рекла:
- Тешко дека кај нас во Македонија можиш да најдиш таква големина, ама можеш да појдеш во Франција, таму тие се мераклии за овие работи, сигурно ќе најдеш.
Човекот го фаќа првиот авион за Франција. Стигнува во Париз и влегува во првата аптека, па и таму го извадил и ја прашал аптекарката дали може да се најде големина на кондом за неговиот алат. Аптекарката го гледала онака со широко отворени очи, но му рекла дека таква големина нема, и дека најдобро ќе биде тој да појди во Африка, затоа што таму биле исто така надарени црнците, па таму сигурно има.
Човекот го фаќа првиот авион за Камерун. Стигнал во Камерун и влегува во првата аптека, па и таму го извадил алатот и ја прашува аптекарката дали имаат кондоми со толкава големина. Аптекарката го гледа и викнала по својот помошник:
- Матумба, донеси од тие најмалите кондоми.