Мајка му му вика на Трпе:

– Те избркале од школо поради лошо поведение? Срам да ти е!
Угледај се на татко ти! Него утре го пуштаат од затвор поради добро поведение!

Трите желби на еден маж:

- Да биде толку убав, колку што мисли мајка му.
- Да биде толку богат, колку што мислат неговите деца.
- Да има толку жени, колку што неговата жена се сомнева!

Еден маж ја сретнал својот голема стара љубов и три дена не можеле да се разделат еден од друг. Конечно мажот отишол кај свој пријател и го замолил за совет:

– Кажи како да ѝ кажам на жената што сум правел три дена?
– Земи шпил карти, стави еден молив на увото, оди кај жена ти и раскажи ѝ сѐ!
Се вратил мажот дома, на вратата го пресретнала жена му:
– Каде беше три дена, говедо едно!
– Слушај жено, ја сретнав својата стара љубов и три дена секс, секс, секс...
– Да, да како не, пак си бил кај комшијата и си играл карти!

50-ите години се критични за мажите.

Ниту пензија ти даваат,
Ниту жените ти даваат!

Докторе, жената ми се породи предходната недела.

Живо, здраво и најубавото бебенце на свето, горд сум! Имам само едно прашање.
- На која возраст ќе престане да биде црно?

– Тато, дали ти некогаш во училиште си се заљубил во учителката?

– Се разбира дека сум се заљубил.
– И што се случи?
– Па ништо. Мајка ти дозна и те премести во друго училиште.

- Тато, сакам голема барбика.

- И jас сакам, ама маjка ти не ми дава

Бракоразводна парница. Судијата ја прашува жената:

– Зошто сакате да се разведете?
– Дознав дека тој бил сопственик на станот за кој плаќаме кирија цели 20 години.
Судијата:
– Еј мајката… Па тоа е генијално!