Блажо на Езер'то лове риби кај шо бил забранет риболовот.

Риби врие, и он нап'нил две големи канти со риба...
Ама го фаќа службата против криволовот, и му викат;
- Блажо, тука е забранет риболовот, и че мора да одговараш кривично...
- Море луѓе, ами ја не ловам риби, виа се мои риби.
- Како тоа твои.
- Па така, секоа сабајле и носам туа, ги пуштам троа да попливат, ги турам у кантата, и си ги носам па дома.
- Е ај да видиме...
Блажо и зима двете канти, ги истура у езер'то, и си стое, а службеникот му вика;
- Ај сеа де...
- Шо сеа...
- Па викни и...
- Кој да го викнам бре...
- Па рибите...
- Кои риби бе..??