Богат дедо оди на доктор и вели:

– Докторе, имам сè, бизнис, пари, куќа, јахта, но жена ми не може да забремени.
– Колку години има таа?
– 25.
– А вие?
– 75 години.
– И вашата жена не може да забремени?
– Да!
– Тогаш отидете со јахтата со својата жена, земете си и млад асистент со вас, за да не ви трпи бизнисот, и направете едно долго патување. Морскиот воздух чуда прави.
Два месеци подоцна, дедото повторно доаѓа кај докторот, става шише виски на масата и вели:
– Повелете докторе, за вас. Ви благодарам за прекрасниот докторски совет што ми го дадовте. Жена ми е бремена.
– А помладиот асистент? – прашува докторот.
– Знаете докторе… И таа е бремена. Морскиот воздух навистина чуда прави!