Богат Кумановец оди на пат и му вели на својот слуга дека може да му се јави само ако е многу, многу важно.
Само што стигнал на одреденото место му зазвонува мобилниот.
- Ало, газда ми пукна рачката од лопататa.
- Ало, па ти нормален си?! Стап? За тоа ми се јавуваш,
- Ама газда многу е пукнат.
- Па што си правел?
- Па го закопав вашето куче.
- Молам, па што му се случило на кучето?
- Па падна греда врз него…
- Каква греда?
- Кога шталата ви гореше.
- ШТАЛАТА!!!!Како мислиш шталата?!
- Па кога куќата ви се запали!
- Чекај малку,КУЌАТА!Како се запалила куќата?!
- Па од свеќата.
- Од каква свеќа?
- Oд свеќата што ја запаливме кога татко ви умре.
- Ја не можам да верувам, ќе добијам инфаркт...
- Па и тој доби инфаркт!
Со плачлив глас газдата: –А како добил инфаркт?
- Па, кога не најде мене и вашата жена заедно во кревет!