Богат човек се запознал со убава жена и веднаш сфатил дека сака да се ожени со неа. На втората средба и понудил брак.

- Но, ние не знаеме ништо еден за друг - му рекла таа.
- Не е важно. Постепено ќе научиме сè еден за друг. Токму тоа е интересно.
Жената се согласила и се венчале. По свадбата заминале на скап меден месец во најубавиот хотел на Маурициус. Првото утро отишле во хотелскиот базен. Мажот се качил на скокалницата, направил комплицирано двојно салто и скокнал во водата. Кога испливал, и рекол на невестата:
- Фасцинантно, нели? Гледаш, јас сум олимписки шампион во скокови во вода. Ти реков дека ќе биде забавно да се запознаваме постепено.
Потоа жената скокнала во водата и испливала дваесет и пет должини, без да покаже ни минимални знаци на замор. Кога излегла од базенот, тој бил шокиран:
- Леле! Беше фантастично! Ти да не си олимписка шампионка во воден маратон?
- Не - одговорила таа. - Бев курва во Венеција и работев на двата брега на каналот. Навистина, интересно е да се запознаваме постепено...

Еден ден, додека дрвосечачот сечеше гранка од едно дрво над реката, неговата секира падна во водата. Кога заплака, се појави Господ и го запраша зошто плаче.

Тој му одговори дека секирата му паднала во водата и дека му е потребна, бидејќи така заработува за живот. Господ слезе во реката и се појави со златна секира.
- Ова е твојата секира?
- Не.
Господ повторно слезе и се појави со сребрена секира.
- Ова е твојата секира?
- Не.
Господ повторно слезе и се појави со дрвена секира.
- Ова е твојата секира?
- Да.
Господ беше воодушевен од чесноста на дрвосечачот па му ги даде сите три секири и дрвосечачот среќен си отиде дома.
После некое време, дрвосечачот се шетал со својата жена покрај реката, и жената му падна во реката. Тој заплака, а Господ повторно се појави и го запраша зошто плаче.
- Господе, жена ми падна во реката!
Господ слезе долу и се појави со Анџелина Џоли.
- Ова е твојата жена?
- Да! – рекол дрвосечачот.
Господ налутено...
- Ме лажеш! Тоа не е вистината!
- Прости ми Господе. Да речев дека не е моја жена, ти ќе се појавеше со Џенифер Анистон. Кога ќе речев дека и таа не е моја жена, ти ќе се појавеше со мојата жена. И кога ќе кажев дека тоа е мојата жена, ти ќе ми ги дадеше сите три и заради тоа реков дека Анџелина Џоли е мојата жена!

Трпана доаша дома и му вика на Трпе:

– Мажу, треба да имаме долг и сериозен разговор!
– Пократко не ли може?
– 4000 денари за чевли!

Трпе влага во бар и здовгледува една згодна девојка и почнува да и се пушта:

- Здраво маче!
– Имам сопруг…
– И јас имам ТВ дома, па некогаш одам на кино.

Во продавница за долна облека. Цветко ја прашува продавачката:

- Дали имате машки боксерици?
- Во моментов немаме господине, но можам да ви понудам женски боксери. Речиси немаат разлика.
- А дали сакате да ја извадам разликата и да те удрам со неа по на чело?!

Еден цар го поделил царството на две половини. Една за него и една за неговите синови. Еден ден ги повикал своите синови и им дал топ хартија:

- Решив да се повлечам во заслужен одмор, затоа кој ќе го скине топот хартија ќе ја дабие мојата половина од царството!
Пробале синовите, ама никој не успеал. Тогаш царот им рекол:
- Сами не успеавте, ај сега обидете се заедно лист по лист да го искинете.
Почнале синовите и за некое време го искинале заедно целиот топ, царот пак им се обратил:
- Запомнете, ги овие три лекции: тоа што не може да се направи одеднаш, може да се направи постепено. Кои не можете сами, може со помош на пријателите. И тоа што не е може со сила, може со памет. Дали разбравте?
- Да татко разбравме. - одговориле сите во еден глас.
- Ништо не сте разбрале! Само што ги искинавте сите тапии од вашата половина на царството и сега пак е моја!

Бабата му вели на зетот:

- Зете кога ќе умрам, не сакам да ме закопувате. Сакам да ме кремирате и пепелта да ја истурите низ дворот.
- Мајкатааа... и кога малку ќе дувне ветер, пак да ни влезеш дома...

Некој џанак се буди сабајле и ја прашува баб си:

- Бабо, ќе ми направиш мекици?!
- Е како да ти направам мекици, кога синоќа цело брашно си го ишмркал!

Дефиниција за плата?

- Финансиска помош за тие што не знаат да крадат.

- Мамо мноry ме боли главата. Ќе појдам до кај Tрпана, брат и е аптекар и сигурно има апче.

- Ама Tрпана е на одмор.
- Е добро де, одам апче да побарам од брат и.
- Имаме Аналгин во фиоката.
- Не сакам Аналгин.
- Има и Кафетин во фиоката.
- Не сакам ми Кафетин.
- Епа што сакаш?
- Сакам метамизол натриум монохидрат.
- Ајде оди. Гледам дека за еден секс си спремна и јазикот да си го искршиш!!