Весела математика

Паметен маж+Глупава жена
=романса
Паметен маж+Паметна жена
=афера
Глупав маж+Глупава жена
=дете
Глупав маж+Паметна жена
=шопинг

Милионер на смртна постела го диктира тестаментот на адвокатот:

- На ќерката и ја оставам фирмата, на жената и ја оставам вилата, на љубавницата БМВ-то. А на зетот, кој многу сакаше да го спомнам во тестаментот: " Здраво, Трпеее!" By: Енена

Жена ми роди сина пред некој ден. Иду у породилно да ги зему жену и бебе. Она иде напред с’с бебе и сретнуемо га доктора. Трзам га настрану и тихо му викам:

- Докторе, к’да ќе може да се е*емо?
Он ми кима с’с око и вика ми:
- После 10 минута, ќе ми заврши смена. Ке те чекам на паркинг, лепотане!

Се закашлав, а жена ми не се пробуди.

Кивнав, а жена ми не се пробуди.
Отварам чоколадо и слушам:
- Дај и на мене два реда!

Трпе многу често каснел на работа. Шефот му се заканил дека ќе го избрка од работа ако закасни уште еднаш.

Си купил Трпе будилник и едно време ставувал на време, ама една ден станал во 7:45, а на работа требело да биде во 7:30.
Исплашен иде кај комшијата кој бил заболекар и му вика:
- Комши, ај те молам брзо извади ми два заба, и намачкај ме на лицето со крв како да сум имал некаков инцидент.
Откако завршил, докторот му вика:
- Готово комши, 2000 денара.
- Зошто бе комши, нели е 500 денари од заб?
- Да, ама денеска е недела!

Македонец поминува низ едно грчко село и гледа свадба. Седнува да се најаде и напие и гостејќи се започнува разговор со човекот што седи до него:

- Види ја невестата, со мустаќи, не можеш да познаеш дали е маж ли е жена!
- Ако уште еднаш слушнам нешто лошо за ќерка ми, ќе те убијам!
- Нервозно го предупредил човекот.
- Оооф, извини, не знаев дека вие сте таткото на оваа убава девојка!
- Е сега ќе те убијам, јас сум мајката...

На вeнчавка, свекрвата и дофрла на невестата:

- Ќерко, венчаницата не ти е баш убава...
А невестата на тоа:
- Не се секирај, следниот пат ќе биде поубава!

Влав, стар трговец, го води својот син за прв пат во продавницата. Вечерта жена му го прашува:

- И како поминавте денес?
- Добро... ама ќе му треба уште време.
- Не знае ли да рачуна? Со муштериите ли не се однесува убаво?
- Супер се однесува, супер рачуна.
- Тогаш што е проблемот?
- Многу плаче кога враќа кусур.

Мaжoт ja прекопал цeлата градина, ги поплочил патеките, ископал бунар, ги сменил ќерамидите на покривот.

Жена му гледала, гледала и рекла:
– Драги, јас мислев дека вијаграта има друго дејство, ама ништо…