Во дворот на една селска куќа седат петелот, мачорот и кучето. Петелот вели:
- Доста ми е од се`. Утре ве будам за последен пат и си го фаќам патот. Кокошки повеќе нема, храна нема... нема зошто да седам повеќе јас овде.
Мачорот:
- И мене ми е доста од се. Газдите ја продадоа кравата, ни млеко има ни сирење. Ни за мене нема живот повеќе овде. И јас утре си го фаќам патот.
Кучето ги гледа и срамежливо вели:
- Јас ќе останам уште една недела...
- Зошто?
- прашуваат мачорот и петелот.
- Па вчера ја служнав газдарицата како му вели на газдата: „Ако и следнава недела не донесеш плата, ќе му го лапаме на Шарко“. Е па јас си велам да почекам.