Во авион со останатите патници се возел и еден мечок. На пола пат ужасно огладнел и се упатил кон пилотската кабина.
- Сега ќе изедам еден од вас двајца – рекол мечокот. И пилотот и копилотот се уплашиле и почнале да го убедуваат дека е ризично и дека доколку изеде еден од нив може сите да настрадаат. Затоа пилотот му предложил:
- Кога веќе си решил да изедеш некој од персоналот, изеди ја стјуардесата. Послушал мечокот и се упатил кон стјуардесата. Со неа разменил неколку збора, се замислил малку, а потоа си седнал на седиштето. Летот мирно продолжил. Малку подоцна, решил пилотот да прошета низ авионот. Го видел мечокот и го прашал:
- Нели беше многу гладен. Зошто не ја изеде стјуардесата?
- Е да, па после мене да ме “онадите”!