Го носат пијан Итар Пејо на интензивна нега, со тешки изгореници.
Откако му даваат прва помош, го носат на рендген.
Кога докторот ја видел снимката, го прашал Пејо зачудено:
- Вие господине имате повеќе искршеници отколку изгореници, како е можно?
- Можно е докторе, можно е!
- Глупавите мариовци ме гаснеа со лопати…