Една чета партизани зазела една висорамнина. И ете ти наредба висорамнината да се сочува по секоја цена. Ама Германците навалиле, ја опколиле од сите страни, а муниција и храна полека снемува и нема шанси да се издржи таму. Капетанот одлучил четата да изврши пробив низ тесно грло што германците се уште не го зазеле, да дојде до муниција и храна, па некако да се врати назад и да ја држи и понатаму висорамнината под своја контрола. Но некој морал да остане на сегашниве позиции.
- Рамче! -викнал капетанот по единствениот Ром во четата.
- Изволи, гос`н капетан! -јас со четата одам по муниција и храна, а твоја задача е да ја сочуваш висорамнината како знаеш и умееш. Еве ти шлем и три бомби, нема повеќе, па гледај што знаеш прави.