Едно убаво неделно попладне, три жени играле голф. Едната од нив не била премногу вешта и нејзиното топче летнало во шумата. Тргнала да го побара и наместо топчето, нашла жаба фатена во замка. – Ослободи ме и ќе ти исполнам 3 желби – и рекла жабата.

Жената не се двоумела многу. Ја ослободила жабата, на што таа и рекла:
– Фала ти, но заборавив да ти напоменам нешто. Се што ќе посакаш, твојот маж ќе добие 10 пати подобро. – Немам ништо против – била задоволна жената.
Нејзината прва желба била да стане најубава жена на светот.
– Но, дали си свесна дека твојот маж ќе стане нај нај најубав маж на светот? Вистински Адонис. Сите жени ќе го прогонуваат – ја предупредила жабата.
– Нема проблем. Јас ќе бидам најубава жена на светот и тој ќе ме гледа само мене!
И така, жената станала најубава на светот. После тоа, посакала да стане најбогата.
– Но, тоа ќе го направи твојот маж десет пати побогат од тебе.
– Тоа воопшто не ми пречи, тоа што е негово, е и мое – одговорила жената.
И така жената станала најбогата на светот.
– Која е твојата последна желба? – прашала љубопитната жаба.
– Сакам да добијам МАЛ срцев удар!

Поуката на приказната е дека жените се интелигентни. Никогаш немој да се шегуваш со нив!

НАПОМЕНА: Ако си женско не читај понатаму. За тебе вицот е завршен. Застани овде и чувствувај се супериорно!


Ако си машко: Мажот имал десет пати ПОМАЛ срцев удар!
Поуката на приказната е дека жените навистина мислат дека се многу интелигентни. Да ги оставиме да веруваат во тоа и да уживаме во спектаклот.

P.S. Ако си женско и се уште читаш, ова е доказ дека жените НИКОГАШ НЕ СЛУШААТ!