Си биле две желки и оделе по пустина.
И наеднаш дошле до една палма со вода. И сега ако првата испиела тогаш ќе немало вода за другата а ако втората пиела ќе немало вода за првата. А се гаделе заедно да пијат. И на првата желка и текнало да појде да земе цевки. И отишла првава по цевки и вторава ја чекала 100,150,200,250,300 години… и била жедна и почнала да пие од водата. И тогаш првата излегува од зад палмата и вели:
- ако вака правиш поарно да не тргнувам.