Како да се ослободиш од жена ? Еден човек наумил да се отараси од жена си, ама не знаел како. Во доверба, го прашува пријателот за совет. - Види, купи и фиќо, таа не знае добро да вози, ќе се акне негде и решен проблем. И купил фиќо. Се акнала жената. - И? – прашува пријателот. - И ништо. Фиќото тоталка, жена ми ни гребнатинка. - Добро, тогаш купи и мерцедес. Ќе се слупа со двеста на саат и мора да загине. И купил мерцедес. Се слупала жената. - И? - Ама ништо, бре. Мерцедесот не можеш да го познаеш, а таа ни гребнатинка. - Ау, тежок случај. Туку, купи и јагуар, тоа мора да успее. И купил јагуар. После некое време, трча човекот кај пријателот: - Готово, завршивме работа. Жена ми ја нема веќе. - Честито, пријателе. А со јагуарот што стана? - Ништо, добар е. Ене го, го врзав зад куќа.
Како да се ослободиш од жена ?
Еден човек наумил да се отараси од жена си, ама не знаел како. Во доверба, го прашува пријателот за совет.
- Види, купи и фиќо, таа не знае добро да вози, ќе се акне негде и решен проблем.
И купил фиќо. Се акнала жената.
- И? – прашува пријателот.
- И ништо. Фиќото тоталка, жена ми ни гребнатинка.
- Добро, тогаш купи и мерцедес. Ќе се слупа со двеста на саат и мора да загине.
И купил мерцедес. Се слупала жената.
- И?
- Ама ништо, бре. Мерцедесот не можеш да го познаеш, а таа ни гребнатинка.
- Ау, тежок случај. Туку, купи и јагуар, тоа мора да успее.
И купил јагуар. После некое време, трча човекот кај пријателот:
- Готово, завршивме работа. Жена ми ја нема веќе.
- Честито, пријателе. А со јагуарот што стана?
- Ништо, добар е. Ене го, го врзав зад куќа.