Во еден момент дечкото го прашува колку е часот. Трпе го извадил саатот од џебот, погледнал во него и го вратил назад. После некое време дечкото го прашува:
– Извинете, зошто не сакате да ми кажете колку е часот?
– Затоа што ако ти кажам, ти мене ќе ми кажеш фала. Јас ќе ти кажам нема на што. После тоа ќе ме прашаш каде патувам. Јас ќе ти кажам дека одам во родниот град. Ти ќе ме прашаш кој ме чека таму, а јас ќе ти кажам дека имам жена и ќерка. Потоа ќе ме прашаш колку години има ќерка ми, а јас ќе ти одговорам дека има 20. Ќе ме прашаш дали е убава, а јас ќе ти одговорам потврдно. Таква убавица ретко каде можеш да видиш. После ќе сакаш да дојдеш со мене за да ја запознаеш, а јас ќе те одведам во мојот дом. Кога ќе ја видиш веднаш ќе ја запросиш, а ја ќе морам одма да те отерам у пичку материну зашто што ќе ми е зет бе што нема ни саат?! Ете затоа!