Мажот се жали дека го боли грлото.
- Не можам ни да зборувам, гледаш дека одвај шепотам.
Жената му вели:
- Оди горе кај соседот докторот и нека ти даде нешто, нека те види.
Мажот ѕвони кај докторот, отвара сопругата на докторот, во прозирна нокница.
Тој зарипнато шепоти:
- Комшивке, докторот дома е?
Комшиката исто така шепоти:
- Не е... Влези...