Трговец кој продавал машини за чистење влегол во некоја нова зграда, мислејќи дека станарите имаат пари, па ќе има голема продажба. Тропнал на првата врата и само што му отворила некоја жена, а тој веднаш фрлил една свежа лепешка на тепихот. Жената викнала:
- Што правиш бре будало?
- А госпоѓо воопшто не се секирајте. Продавам машини за чистење, одма ќе го исчистам ова. Ако не биде како ново за пола саат, како пица ќе ја изедам лепешкава.
- Е добро…. одам јас по кечап.
- Зошто бе госпоѓо, не ми верувате?
- Абе верувам јас, ама струја уште ни немаат пуштено.