// Мајка му му вика на Трпе:

Мајка му му вика на Трпе:

– Те избркале од школо поради лошо поведение? Срам да ти е!
Угледај се на татко ти! Него утре го пуштаат од затвор поради добро поведение!

Светско првенство.

Маж барал слободно место веднаш до теренот за да може сè убаво да види. Кога седнал, забележал дека седиштето до него е празно. Го прашал тој преку празното седиште дали на празното место, сепак, некој седи, на што тој му одговорил со „не“. Мажот на глас искоментирал дека не може да поверува дека е светско првенство, а дека има празно седиште. На тоа, другиов му рекол: „Па тоа место всушност е мое. Требаше да дојдам со сопругата, но почина. Ова е прво Светско првенство откако сме венчани, а да не сме заедно.

„О, многу ми е жал што го слушам тоа, тоа е страшно. Зарем не можевте да пронајдете некој друг, роднина, сосед, пријател…“, прашал мажот, а овој му одговорил:
„Не можев, сите се на погреб“.

- Тате, што е женкар?

- Маж со правилна сексуална ориентациja.

- Зашто ти е модро окото?

- Бранев една женска.
- И со кого се тепаше
- Со жена ми....

- Tи си најубавата девојка на светот!

- Така зборуваш само колку да ме легнеш.
- Аиии, кај убава, па и паметна!

Два пати се женив и немав срека!

Во првиот брак жената ме напушти, а оваа сега не сака да си замини

- Злато, поубава сум со шишки или без шишки?

- Срцка, за да си поубава, прво треба да си убава.

Богат дедо оди на доктор и вели:

– Докторе, имам сè, бизнис, пари, куќа, јахта, но жена ми не може да забремени.
– Колку години има таа?
– 25.
– А вие?
– 75 години.
– И вашата жена не може да забремени?
– Да!
– Тогаш отидете со јахтата со својата жена, земете си и млад асистент со вас, за да не ви трпи бизнисот, и направете едно долго патување. Морскиот воздух чуда прави.
Два месеци подоцна, дедото повторно доаѓа кај докторот, става шише виски на масата и вели:
– Повелете докторе, за вас. Ви благодарам за прекрасниот докторски совет што ми го дадовте. Жена ми е бремена.
– А помладиот асистент? – прашува докторот.
– Знаете докторе… И таа е бремена. Морскиот воздух навистина чуда прави!

Многу време се мислев дали да пушам брада или мустаќи

и на краj се одлучив да го пуштам стомакот