Мaжoт ja прекопал цeлата градина, ги поплочил патеките, ископал бунар, ги сменил ќерамидите на покривот.

Жена му гледала, гледала и рекла:
– Драги, јас мислев дека вијаграта има друго дејство, ама ништо…

Трпана оди кај мајка и, да и каже:

- Мамо, трудна сум.
- Е па редно беше ќерко и од тебе човек да излезе!

Богат човек се запознал со убава жена и веднаш сфатил дека сака да се ожени со неа. На втората средба и понудил брак.

- Но, ние не знаеме ништо еден за друг - му рекла таа.
- Не е важно. Постепено ќе научиме сè еден за друг. Токму тоа е интересно.
Жената се согласила и се венчале. По свадбата заминале на скап меден месец во најубавиот хотел на Маурициус. Првото утро отишле во хотелскиот базен. Мажот се качил на скокалницата, направил комплицирано двојно салто и скокнал во водата. Кога испливал, и рекол на невестата:
- Фасцинантно, нели? Гледаш, јас сум олимписки шампион во скокови во вода. Ти реков дека ќе биде забавно да се запознаваме постепено.
Потоа жената скокнала во водата и испливала дваесет и пет должини, без да покаже ни минимални знаци на замор. Кога излегла од базенот, тој бил шокиран:
- Леле! Беше фантастично! Ти да не си олимписка шампионка во воден маратон?
- Не - одговорила таа. - Бев курва во Венеција и работев на двата брега на каналот. Навистина, интересно е да се запознаваме постепено...

- Многу ви е убаво палтото, кај го шиевте?

- Во Париз.
- А далеку ли е од Пехчаво?
- 2259км
- Види ти, колку забутано а како шијат...

– За што те судеа?

– За мито.
– А како те ослободија?
– Со мито.

Една жена доаѓа да работа со сино око. Нејзиниот колега забележува и ја прашува:

– Кој те среди вака?
– Мажот ми!
– Мажот ти? Мислев дека е на службено патување.
– Ха! Тој мислел! А јас бев сигурна.

– Здраво комшија.

Долго време ги набљудував твоите деца и сакам да ти понудам нешто. Јас сум телевизиски продуцент и сакам да ги снимам твоите деца за една реклама. Подготвен сум да платам добар хонорар.
– А за што е рекламата?
– За контрацептивни средства…

Морнар од морнарско градче се враќа од долго пловење. Испраќа писмо на жена си:

- "Шест месеци без секс во твој интерес е да ме чекаш на пристаништето."
По некое време добива одговор:
- "По шест месеци без секс ќе те чекам на пристаништето, но во твој интерес е да искочиш меѓу првите!"

Трпе му се доверува на Цветко:

- Викаат дека не требало да се гледаш со друга жена додека не се разделиш со сегашната.
- Е добро, кога одиш да купиш нови кондури, бос ли одиш до продавница?!