Обединетите Нации распишале конкурс за најпоучна слика. Нацртал Трпе гол човек со гас-маска кој во едната рака држел кондом а во другата каранфил. Ја добил првата награда, го повикале во Њујорк и наградата лично му ја дал Бан-Ки Мун. Одржал говор во кој ја објаснил сликата:
- Еве почитувани колеги Трпе ја нацртал оваа слика која има симболика. Голиот човек ја симболизира сиромаштијата во светот а неговата гас-маска ја симболизира загаденоста на околината. Кондомот ја укажува опасноста од заразни болести а каранфилот укажува на тоа дека сеуште постои надеж за среќна иднина.
На тоа земал збор и Трпе:
- Почитувани! Сликава значи дека да имаш cekc со кондом е исто како да мирисаш каранфил со гас-маска!