Наркоман фаќа златната риба:

- Ќе ти исполнам три желби ако ме пуштиш. Која ти е првата?
- Сакам да направиш две линии и заедно да ги ишмркаме!
Рибата направила две линии и заедно со наркоманот ги ишмркале.
- Добро, кажи ми ја втората желба.
- Дај по уште две линии за двајцата.
Пак ги шмркаат.
- Имаш уште една желба.
- Па... ајде дај уште две линии...
Ги шмркаат и тие линии, седат 5 минути и рибата му вика:
- Ајде, ајде, дај уште една желба!

Стои жена пред зградата и вика по мажот:

- Швалериште! Пола жени во градот ги легна!
Поминува крај неа друга жена и ја прашува:
- Ти него го караш или го рекламираш?

После првата брачна ноќ, Трпана му кажува на Трпе:

- Знаеш Трпе, пред тебе многу други ме молеа да се омажам.
- Кој те молел бе? - бесно прашува Трпе
- Па мајка ми, татко ми, браќата...

- Син ми прооди!

- Ама нели има 20 години?!
- Има, ама 3 дена беше пијан едвај стоеше.

Разговараат двајцата тренери за време на натпревар:

- Види го Трпе колку е добар играч! Минатата сезона скрши четири коски.
- Машала, брзо му заздравеле коските.
- Ма не, не ги скрши неговите коски!

Умира Фидел Кастро и со чадор доаѓа до пред рајските порти. Таму Свети Петар му вели:

- Седнете, почекајте да видам каде имаме резервирано место за вас.
Гледа Свети Петар во главниот список Фидел го нема, го нема ни во дополнителниот список. Што да прави, луѓе умираат во толпи, рајот преполн со народ, пик сезона е. Му вика на Фидел:
- Ништо не можам да направам пријателе, туку ти спушти се во пеколот да видиш што ќе направиш.
Оди Фидел Кастро во пеколот и таму го чека Луцифер со широко раширени раце за добредојде.
- Здраво живо, одамна те чекаме овде. Ти имаме спремено соба со сите салтанати. Жени, цигари, комар, текила. Туку ајде да седниме да се напиеме по една за добредојде.
Седнале Луцифер и Фидел, јадат, пијат, прават муабет за животот, кога одеднаш Фидел се сетил дека си го заборавил чадорот кај Свети Петар. Луцифер му вика седи ти јас ќе средам. Вика две ѓаволчиња и им вели:
-Тркнете набрзина до рајот да го земите чадорот од командантот Фидел.
Одат ѓаолчињава во рајот, стигнуваат пред рајските порти, арно ама на Свети Петар му завршила смената и рајот бил затворен. Се мотаат ѓаолчињава наваму-натаму не знаат шо да прават. Да се вратат без чадор во пеколот не ја бива. Луцифер ќе се налути ќе ги свари. Мислат, мислат и решиле да ја преминат оградата.
Преминувајќи ја оградата од другата страна ги гледаат два Архангели, задолжени да ја чуваат границата и едниот му вика на другиот:
- Види, види што се дешава! Сѐ на сѐ 20 минути Фидел Кастро е во пеколот, а веќе почнаа да доаѓаат кај нас бегалци.

Во една месарница, влегува куче, но месарот веднаш го брка надвор. Сепак тоа е упорно и постојано се враќа држејќи платнена торба во забите.

По некое време месарот, љубопитен, ја зема торбата и гледа што има во неа. Внатре наоѓа плико со 1,000 денари и писменце во кое пишува:
- Ве молам дајте ми пола кило јунешко и кобасици за останатите пари.
Зачуден и уште пољубопитен, месарот го прави токму тоа. Кучето излегува, а тој се решава да го следи. Кучето минува на пешачки премин, застанува н автобуска станица и чека автобус. Се качува и се вози пет станици, потоа се симнува, чека на семафор и поминува кога се пали зелено, потоа доаѓа до една куќа, гребе на влезната врата, но никој не му отвара. Тогаш оди од страна и скока на прозорецот неколку пати додека еден човек конечно не го забележи, му отвори и почне да вика по него:
- Идиоту еден, колку пати ќе ти се случува истото, да не можеш да се научиш, глупав еден...
Тогаш месарот скокнува од грмушката каде што се крие и револтиран доаѓа до човекот па му вели:
- Како така викате по кучето, па тоа е сигурно најпаметното куче на светот.
- Овој паметен? Да беше паметен немаше трет пат да го заборава клучот од вратата.

Ако купам гардероба парите одат во Кинезите.

Ако купам кола парите одат во Германија, Италија или Франција.
Ако купам нафта парите одат кај Арапите.
Ако купам гас парите одат во Русите.
Ако купам овошје парите одат во Еквадор, Гватемала или Хондурас.
Ако купам мобилен парите одат во Кореја.
Ако купам патики парите одат во Тајван.
Ако идам на одмор парите одат кај Грците, Бугарите, Црногорците или Турците.
Единствен начин парите да останат во Македонија е ако пијам домашна ракија.
Да и помогнеме на македонската економија најдобро што можеме.

Трпе му вика на Цветко.

- Сабајле сфатив дека фрижидерот ми е женски пол?
- Како тоа?
- Па, нема јајца.

Некој поп имал папагал што го сакал многу.Каде и да одел,секогаш го носел со себе, му купувал сè и сешто,а во црквата местото му било покрај олтарот.

Еднаш попот морал да оди по некоја итна работа,па го оставил папагалот дома. Кога се вратил, што да види: папагалот ги изебал сите кокошки на соседот.
За таквиот тежок грев попот му ја ишишал главата и го ставил покрај влезната врата на црквата да служи.
Додека верниците влегувале во црквата,папагалот морал да повторува:
- Мажите десно, жените лево, а децата во средина.
Така било пред секоја миса, сè додека пред вратата не се појавил некој целосно ќелав човек. Тогаш папагалот гракнал:
- Мажите десно, жените лево, децата во средина, а ти ќелав што си е*ел кокошки застани до мене!

Двајца пензионери на клупа, седат и разговараат:

- Кога имав 25 години, ќе ми се дигнеше и не можев да го свиткам ниту со две раце.
- Кога наполнив 50, ако се потрудев, можев да го свиткам за едно 10 степени.
- Кога наполнив 60, можев без проблем да го свиткам околу 20 степени.
- Следната недела ќе полнам 70 и можам да го свиткам до пола со една рака.
- Аха, а што е поентата на муабетов? - прашува другиот пензионер.
- Па, се чудам колку силен станувам како сè повеќе стареам...