Седнуваат Трпе и Цветко во кафана:

- Што ќе се напиете?!
- За мене една кока кола.
- За вас?
- За мене нешто негазирано.
- Што сакате?
- Ракија.

Трпе бил кај љубовницата и се вратил дома доцна во ноќта. Жена му го пречекала со прашање:

– Каде беше до сега?!
– Пааа...
– Случајно состанокот на работа да не ти траеше многу долго?!
– Да, да, на состанок...
– А зошто мирисаш на женски парфем?!
– Пааа...
– До тебе на состанокот да не седеше некоја жена?!
– Да! Секако, до мене седеше најстарата колешка.
– А зошто имаш женска влакна на сакото и кармин на кошулата?!
– Пааа...
– Сигурно во преполниот автобус некоја жена без да сака те извалкала?!
– Да! Така беше…
– Добро, ајде да си легнеме!
Мажот се соблекува:
– Еј, чекај! Зошто носиш женски гаќи?!
– Жено, ти си паметна измисли нешто.

Плавуша кај гинеколог:

- Докторе, нон-стоп од вагината вадам поштенски марки од Еквадор?!
- Тоа се налепниците од бананите, госпоѓице...

Еден маж ја сретнал својот голема стара љубов и три дена не можеле да се разделат еден од друг. Конечно мажот отишол кај свој пријател и го замолил за совет:

– Кажи како да ѝ кажам на жената што сум правел три дена?
– Земи шпил карти, стави еден молив на увото, оди кај жена ти и раскажи ѝ сѐ!
Се вратил мажот дома, на вратата го пресретнала жена му:
– Каде беше три дена, говедо едно!
– Слушај жено, ја сретнав својата стара љубов и три дена секс, секс, секс...
– Да, да како не, пак си бил кај комшијата и си играл карти!

Трпана го прашува Трпе:

- Каква ти е оваа порака на телефон?
- Не знам, која порака?
- Пишува: Сакаш во петок орално да те задоволам?
- Значи овие од телеком не се нормални со понудите!

На Трпана и доаѓа швaлерот дома додека маж и бил на работа. Нејзиниот 9 годишен син упаѓа дома ненадејно, ги здогледува и се сокрива во ормар. Мажот исто така ненадејно се појавува а жената го става швалерот во ормарот.

Малиот: Мрачно е овде.
Швалерот: Да, мрачно е.
Малиот: Имам фудбалска топка.
Швалерот: Баш убаво.
Малиот: Сакаш да ја купиш?
Швалерот: Не, фала.
Малиот: Татко ми е надвор, знаеш?
Швалерот: Добро, колку пари?
Малиот: 250 евра.
По неколку недели, малиот и швалерот повторно се сретнуваат во истиот ормар
Малиот: Мрачно е овде.
Швалерот: Аха, мрачно е.
Малиот: Имам патики.
Швалерот веднаш прашува: Колку пари?
Малиот: 750 евра.
Швалерот: Добро, купувам.
Неколку дена подоцна, таткото му вика на синот:
– Ај земи патики и фудбал и ќе одиме надвор да играме.
Малиот: Не можам, ги продадов и патиките и фудбалот.
Таткото: Ги продаде? За колку пари?
Малиот: Заедно за 1000 евра.
Таткото: илјада евра? па тоа е одвратно, така да ги дереш своите пријател! Тоа е многу повеќе отколку што тие работи вредат, одма те носам во црква за да се исповедаш!
Таткото го зел синот, го однел во црква и го оставил во просторијата за исповедање.
Малиот: Мрачно е овде
Попот: Еј, ај не ми почнувај пак со тоа срање.

Цветко на шалтер:

- Добар ден. Сакам да се претплатам за една година.
- Господине ова е винарија, фитнесот е на горниот спрат...
- Знам, знам.

Трпе и раскажува на жена си:

- Жено, си мислам, како се тркалаат годините… Имаме куќа, вила, две коли и две деца.
А се сеќаваш ли на времето – живеевме под кирија, возевме велосипеди и постојано немавме пари.
Ама, од друга страна пак, секоја вечер си легнував со дваесетгодишна...
– Легни си ти пак со некоја двадесетгодишна и ќе видиш како ќе ти се вратат и точакот и киријата и беспарицата!

Грчка тојка: двајца мажи и еден маж.

Бугарска тројка: двајца имаат секс, третиот внимава да не им ја украдат облеката.
Српска тројка: еден прави скара, друг салата, трет пие ракија.
Руска тројка: маж, жена и мечка.
Студентска тојка: двајца имаат секс, третиот се преправа дека спие.
Влашка тројка: тројца во кревет, никој не дава.
Македонска тројка: еден имал секс, двајца му завидуваат.
Албанска тројка: Голф тројка.

Во автобус дечко пушта рака помеѓу бутовите на девојката.

– Што правиш? – Прашува таа.
– Па, хм… си ја топлам раката да не настинам – збунето одговорил тој.
– Од ушите се настинува, од ушите!