Најнови

Разговараат Блажо и Перо за проблемите кои ги имаат со невестите кога се враќаат касно дома.
Перо:
- Не си свесен јас какви проблеми имам. Жената моја и најмалиот звук може да ја разбуди, а јас правам се за да не ја разбудам. На таксистот му велам да ме остави две улици подолу за да не го слушне звукот. Ја отварам внимателно вратата од куќата се качувам внимателно по скалите, влегувам во спалната соба и таман кога треба да легнам до неа се разбудува и почнува да вика: Пак си пијан, барабо една, каде беше до сега? И тоа го зборува три дена.
Блажо:
- Голема грешка правиш! Слушај јас како правам. Доаѓам со таксито директно до куќа и му велам нагло да закочи, гумите да зашкрипат. После тоа ја отварам вратата од куќата и со сета сила ја затворам, да се затресе цела куќа. Доаѓам до спалната, ја удирам Мара по газ и и викам на цел глас:
- Жено!
- Сакаш малку да се...!!!
А она се прави дека спие.

- Зошто зборот „скратено“ е толку долг?
- Зошто за да го изгасиме компјутерот мора прво да кликнеме на Start?
- Зошто луѓето нарачуваат двоен чизбургер, голема порција помфрит и light Coca Cola (диетална)?
- Зошто не постои храна за мачки со вкус на глушец?
- Зошто сокот од лимон се прави од вештачки додатоци, а детергентот за садови со мирис на лимон се прави од вистински лимони?
- Зошто секогаш посилно притискаме на копчињата на далечинското кога батериите се скоро празни?
- Зошто ги переме крпите кои сме ги користеле после бањање?
- Зошто пилотите- камикази носат кацига?
- Како таблите со натпис „забрането газење на тревата“ достигнале до средината на тревникот?
- Зошто „одвоени“ се пишува споено, а „сите заедно“ одвоено?
- Ако сакам да си купам нов бумеранг, како да го отфрлам стариот?
- Зошто продавниците кои се отворени 24 часа на ден имаат брави и катанци?
- Зошто кога возиме и бараме одредено место го намалуваме звукот на радиото?
- Зошто секогаш тој што вози побавно од нас е идиot, а тој што вози побрзо од нас е манијак?
- Зошто кога ќе се наводениш, алиштата стануваат потемни и покрај фактот дека водата е светла и бистра?
- Како е машки род од буба мара?
- Кога прво го измислиле часовникот, како знаеле на колку часот да го наместат?
- Зошто се прават авотмобили кои се движат побрзо од законски дозволената граница?
- Зошто постои миризлива тоалетна хартија?
- Ако денеска времето надвор е 0 степени, а метеоролозите велат дека утре ќе биде дупло поладно, тогаш колку степени ќе биде утре?
- Ако вегетаријанците толку многу се секираат за животните, зошто тогаш им ја јадат храната?
- Зошто редот во којшто чекаш ти, секогаш се движи поспоро?
- Ако на масата има трошка и ја пресечете на два дела, дали ќе имате две трошки или две половини од трошка?
- Зошто велигденскиот зајак лежи јајца ? Зајците лежат јајца???
- Дали зебрите се бели со црни линии или црни со бели линии?
- Можеш ли да плачеш под вода?
- Зошто луѓето викаат ,,спиев како бебе" кога бебињата се будат 10 пати на саат?
- Ако сме настанале од мајмуни, зошто мајмуните се уште живи?
- Дали поштарот сам си ги носи писмата?