Трпана го пратила Трпе во продавница да и купи тампони. Влегува тој во маркет и ја прашува каде има тампони, а продавачката му покажува на една од полиците.
Сепак, тој оди до таму, но зема памук и тоалет хартија, па се враќа на касата за да плати, а продавачката го гледа и вели:
- Па добро човеку, зарем не знаете дека тоа не се тампони, нели ви покажав точно каде се тампоните?
- Не се секирај ти за тоа, само наплати ми. Вчера ја испратив жена ми по цигари, а таа ми донесе тутун и лифчиња, поевтино било. Епа нека мота сега и таа поевтино е!!!