Најнови вицеви

Во Њу Јорк од неодамна е отворен дуќан во кој жените можат да изберат и да си купат сопруг. На влезот се изложени следните упатства:
1. Можете да го посетите дуќанов САМО ЕДНАШ;
2. Овој дуќан има 6 ката. Kако што се качувате погоре карактеристиките на мажите се подобруваат;
3. Можете да го изберете кој било маж на катот на кој се наоѓате или да отидете на горниот;
4. Не може да се враќате на долните катови. Една жена одлучила да го посети дуќанот и да си најде партнер.
На вратата од првиот кат пишувало:
Овие мажи имаат работа
Жената се одлучила да оди на горниот кат.
На вратата од вториот кат пишувало:
Овие мажи имаат работа и сакаат деца
Жената се одлучила да се качи еден кат погоре.
На вратата од третот кат пишувало:
Овие мажи имаат работа, сакаат деца и се неверојатно згодни
Wow, помислила жената, но чувствува дека мора да се качи погоре.
На вратата на четвртиот кат пишувало:
Овие мажи имаат работа, сакаат деца, неверојатно се згодни и помагаат низ дома
-Неверојатно – си мисли жената – тешко можам да одолеам да не влезам… Но сепак, нешто ја тера да оди погоре, на следниот кат.
На вратата на петтиот кат пишува:
Овие мажи имаат работа, сакаат деца, неверојатно се згодни, помагаат низ дома и многу се романтични.
Жената се решила да влезе, ама во последен миг нешто ја спречува и на крајот се одлучува сепак да се качи на шестиот кат.
На вратата од шестиот кат пишувало:
Вие сте посетителка број 51 352 177
На овој кат нема мажи. Овој кат постои за да се покаже колку е невозможно да се задоволи една жена. Ви благодариме што го посетивте нашиот дуќан. Од спротива на овој, постои друг дуќан, со 6 ката, во кој мажите можат да најдат и да си купат сопруга.
На првиот кат се жените што сакаат cekc.
На вториот кат се жените што сакаат cekc и не гњават премногу.
Катовите од третиот до шестиот НИКОГАШ НЕ БИЛЕ ПОСЕТЕНИ.
За оние кои сакаат набрзинка да се омажат, а не го познаваат доволно карактерот на својот избраник, однесето го на тавче гравче и …. анализирајте! Културен – прди и вика "Пардон"!
Дволичен – прди и вика "Кој прдна?"
Циничен – прди и те гледа право во очи
Кавалер – Пушта дамата прва да прдне
Песимист – Уште не прднал мисли дека се усрал
Безобразен – Прди од задоволство
Сноб – Прди само во добро друштво
Чувствителен – Прди и вика "Ах"!
Сентиментален – Прди и мисли како би било да не прднеше
Нестрплив – Едвај чека да прдне
Дискретен – Прди и вика "Нека остане меѓу нас!"
Глумец – Прди и чека аплауз
Страмежлив – Прди и поцрвенува
Таинствен – Тој не прди туку пува
Лажливец – Прди и вика "Со уста прднав"
Колегијален – Дозволува и другите да прднат
Штедлив – Прди само во затворена соба
Шегобиец – Прди и вика "Кој прди зло не мисли"
Неспособен – Потпрднува цел ден и никако да прдне
Оптимист – Прди и се надева дека никој нема да чуе
Пензионер – Прди и вика дека во негово време подобро се прдело
Баксуз – Прди и се усерува в гаќи
Фалбаџија – Прди јако за сите да чујат