Најнови вицеви

Оди човек во Мадрид, Шпанија, седнува во ресторан и го порачува специјалитетот на куќата. Келнерот му носи чинија со компири и две топки месо. Човекот прашува:
- Што е ова ?
- Кохони, господине.
- Што се кохони?
- Кохони се тестиси од бик што има изгубено во попладневната борба на арената.
Отпрвин му се згадило на човекот, ама откако ги пробал и му се бендисале се изел. Другиот ден човекот повторно отишол во истиот ресторан и повторно порачал кохони. Го донел келнерот јадењето, но со две топки скоро двојно помали од претходните. Човекот револтиран:
- Што е ова?
- Кохони господине.
- Не, не. Јас вчера јадев кохони и тие беа многу поголеми од овие.
- Господине, не губи секој ден бик.
На поштарот му е последен ден на работа после 35 години верно служење во својот реон. На последната обиколка, од првата куќа го пречекува целото семејство, му честитаат и му даваат подарок во плик.
Во втората куќа повторно истото, но добива штека цигари.
Доаѓа тој кај третата куќа и вратата ја отвара прекрасна млада жена облечена само во долна облека. Таа го фаќа за рака, го носи во кревет, водат љубов, го носи во кујна, му дава доручек, шолја кафе и банкнота од 100 денари под шолјата.
Поштарот се уште возбуден од прекрасниот подарок, прашува:
– Се беше одлично, мора да признаам, но, не ми е јасно, зошто ми давате 100 денари.
– Па, вчера вечер со маж ми почнав муабет за тоа што да ти дадеме поклон за пензионирање. Неговата реакција беше “Јеби га, дај му 100 денари”. Доручекот беше моја идеја.