Најнови вицеви

Му стига на Трпе препорачано писмо од УЈП, лично таму да се појави, бидејќи многу малку приход пријавил за данок.
Прво отишол кај сметководителката да се консултира, и сметководителката му вика:
- Облечи го нај старото одело, да изгледаш сиромав, они да видат дека немаш пари, и дека го имаат погрешено пресметано данокот.
Трпе за секој случај отишол и кај адвокат, и овој му рекол:
- Море облечи го најубавото одело што го имаш, ќе видат дека ги почитуваш и може ќе ти ја намалат цифрата за плаќање данок.
Трпе збунет, отишол и кај попот, и него да го праша.
Попот молчел некое време, и му рекол:
- Ќе ти кажам една приказна Трпе... Во очи на свадба младата невеста ја прашува мајка си, каква спаваќа да облече за првата брачна ноќ. Мајка и рекла долга со долги ракави, после ја прашала сестра си, а она и рекла куса и cekcи спаваќа...
- Ама попе што има врска оваа приказна со мене?!
- Иста е како твојот случај бе Трпе, што и да облечиш, ќе те eбat!
Нов затвореник штотуку пристигнат во затворот. Чуварот го теши:
- Мирно и пополека! Што се десет години, нема ни да почувстуваш како ќе летнат. Тука животот баш ни е возбудлив. Секој ден е со разна тематика. Понеделник е ден за фудбал. Сите трчаме по топката во дворот. Ти сакаш ли фудбал?
- Паа, не. Не го сакам спортот.
- Ех, добро. Вторник ќе ти се допадне
- тогаш играме карти, шах, што сакаш. Сакаш ли карти?
- Неее, не играм карти!
- Добро де, ете среда е ден за cеkc. Ти cеkc со жени ли сакаш или со мажи?
- Со жени!
- Ееее, тоа значи и средата нема да ти се допадне...
На Трпана и доаѓа швaлерот дома додека маж и бил на работа. Нејзиниот 9 годишен син упаѓа дома ненадејно, ги здогледува и се сокрива во ормар. Мажот исто така ненадејно се појавува а жената го става швалерот во ормарот.
Малиот: Мрачно е овде.
Швалерот: Да, мрачно е.
Малиот: Имам фудбалска топка.
Швалерот: Баш убаво.
Малиот: Сакаш да ја купиш?
Швалерот: Не, фала.
Малиот: Татко ми е надвор, знаеш?
Швалерот: Добро, колку пари?
Малиот: 250 евра.
По неколку недели, малиот и швалерот повторно се сретнуваат во истиот ормар
Малиот: Мрачно е овде.
Швалерот: Аха, мрачно е.
Малиот: Имам патики.
Швалерот веднаш прашува: Колку пари?
Малиот: 750 евра.
Швалерот: Добро, купувам.
Неколку дена подоцна, таткото му вика на синот:
– Ај земи патики и фудбал и ќе одиме надвор да играме.
Малиот: Не можам, ги продадов и патиките и фудбалот.
Таткото: Ги продаде? За колку пари?
Малиот: Заедно за 1000 евра.
Таткото: илјада евра? па тоа е одвратно, така да ги дереш своите пријател! Тоа е многу повеќе отколку што тие работи вредат, одма те носам во црква за да се исповедаш!
Таткото го зел синот, го однел во црква и го оставил во просторијата за исповедање.
Малиот: Мрачно е овде
Попот: Еј, ај не ми почнувај пак со тоа срање.