Најнови вицеви

Натпис во продавница во Њујорк:
„Ако не го најдете тоа што го барате, обештетувањето е 100 долари.“
Влегува Македонец и бара црн пpeзepbatиb. Се собираат продавачите, шефовите на одделите, управителот, ја пребаруваат целата продавница наопаку, нема и нема црн пpeзepbatиb. Му даваат на нашинецот 100 долари и го прашуваат:
– Кажете ни како ви текна да се сетите да побарате црн пpeзepbatиb?
– А, баџанакот почина, па сакав кога ќе се вратам во Македонија, да ѝ искажам сочуство на балдазата.
Полицаец стопира џип C класа. Внатре седи прљав просјак.
- Кој си ти? Од каде го зема овој џип?
- Мој си е. Ми го поклонија.
- Како така на тебе ќе ти подарат таков џип! Признај од каде го украде!?!
- Мој е, ми го подарија бидејќи имам дарба да им помагам на луѓето.
- Каква дарба?
- Па гомното ми е посебно и лекува што ти не и секогаш делува.
Полицаецот се замислил и рекол.
- Абе знаеш јас имам проблем со ќелавоста и не знам што да правам, можеш ли да ми помогнеш?
- Можам како не Наведни се јас да ти пуштам малку на главата.
Просјакот се посрал на главата на полицаецот. Полицаецот го пуштил просјакот да си оди и си го размачкал гомното по ќелавата глава. Од другата страна на улицата седеле двајца мафијаши и се смееле:
- Абе, ако му се посере на уште еден цајкан на глава, ќе му купам и стан на просјаков!
Се разболел еден човек од тешка болест и докторот му предвидел 3 месеци живот.
Ама му рекол дека ако сака да поживее малку повеќе, да си земе една козичка, и да замине да живее на планина на чист воздух и мир. Го послушал човекот и после 2 месеци доаѓа пак кај докторот, насмеан до уши.
– Докторе, јас го послушав твојот совет, отидов да живеам на планина со една козичка и секое утро, напладне и навечер си правам попара, а некој пат дури и директно од козичката ќе легнам под неа додекаа таа пасе и си молзам млекце, оти ми е многу вкусно. И еве ме сега жив и пукам од здравје. Само сега козичката нешто не ми е добра, се разболе и не знам што и е, па ја водам да видиш, можеш ли некако да помогнеш.
Ја поразгледал докторот убаво, помислил, помислил, пак ја поразгледал, барал нешто во некоја голема книга, пак ја погледнал козата и конечно му рекол на човекот:
– Абе пријателе, гледај сега. Јас не сум баш ветеринар, не се разбирам многу, ама ова е прч бе…