Најнови вицеви

Богат Кумановец оди на пат и му вели на својот слуга дека може да му се јави само ако е многу, многу важно.
Само што стигнал на одреденото место му зазвонува мобилниот.
- Ало, газда ми пукна рачката од лопататa.
- Ало, па ти нормален си?! Стап? За тоа ми се јавуваш,
- Ама газда многу е пукнат.
- Па што си правел?
- Па го закопав вашето куче.
- Молам, па што му се случило на кучето?
- Па падна греда врз него…
- Каква греда?
- Кога шталата ви гореше.
- ШТАЛАТА!!!!Како мислиш шталата?!
- Па кога куќата ви се запали!
- Чекај малку,КУЌАТА!Како се запалила куќата?!
- Па од свеќата.
- Од каква свеќа?
- Oд свеќата што ја запаливме кога татко ви умре.
- Ја не можам да верувам, ќе добијам инфаркт...
- Па и тој доби инфаркт!
Со плачлив глас газдата: –А како добил инфаркт?
- Па, кога не најде мене и вашата жена заедно во кревет!
Полицаец оди на работа гол. Го прашуваат:
- Што се случи, Васко, зошто си гол?
- А да... вчера бев во ноќен клуб...
- И?
- И играв, играв и се беше во ред...
- И?
- И тогаш диџејот ја запира музиката и вели: „Сега ќе го изгаснам светлото 30 секунди и сите мажи да се соблечат!“
- Добро и?
- Диџејот повторно рече: „Сега ќе го изгасам светлото 30 секунди и сите девојки да се соблечат!“
- Интересно!
- Ги пали светлата и сите девојки беа голи!
- Супер!
- И тогаш диџејот рече: „сега ќе го изгасам светлото 30 секунди и сите мажи на работа!“
- А ти?
- И јас дојдов на работа.
Трпе се прибира дома после училиште. Татко му го прашува:
– Какви ти се оценките на училиште?
– Па, тато…
– Кажи бе!
– Паааа… Имам шест единици…
– КОЛКУ?!?!
– Шест…
– По што ти е првата единица?
– По француски…
– Абе, магаре – зошто имаш единица по француски?
– Учителката рече да напишеме четири реченици и да си извлечеме заклучок.
И јас пишувам:
“1. Госпоѓата по француски оди со господинот по македонски.
2. Госпоѓата по француски оди со господинот по математика.
3. Госпоѓата по француски оди со господинот по информатика.
4. Госпоѓата по француски оди и со господинот по физичко. ”
Таткото рекол:
– Еј па таа била ороспија!
– Па и јас така и кажав и таа ми стави единица.
– Ајде, ти простувам за оваа единица. По што е следната?
– По математика… професорката ме прашува: „Колку е 5 по 6 ?“ и јас велам: „30“. Потоа ме прашува „А колку е 6 по 5 ?“
– Исти к**!
– И јас така и кажав и таа ми напиша единица.
– И овде си бил во право, простувам. По што е следната?
– По географија.
– Како така бе?
– Тато, ти знаеш ли каде се наоѓа Мароко?
– Уф да го е**м.
– Па и јас така и кажав и таа ми напиша единица.
– Добро – простувам . По што е следната?
– По биологија.
– Како успеа бе?
– Тато, професорката не нареди во два реда – во едниот ред женските, а во другиот машките.
Женските требаше да кажат пример од природата за женка, а тој од машките што стои спроти нив да го каже мажјакот. И Јана споти мене вели: „Мува“ и јас се мислам како е машко од мува и велам: „Мувоебец“ и професорката ми напиша единица…
– Добро, сине, добро. Кажувај за следната.
– Физичко. Професорот вели: „Кренете ја едната нога, кренете ја другата нога …“, а јас прашав „Професоре, на куров ли да стојам?“ И тој ми напиша единица.
– А последната?
– Музичко.
– И по музичко ли успеа да добиеш единица!!!
Трпе гневен:
– Тато после 5 единици на кого му е до пеење…
Трпана седи на шанк и ужива во коктелот, кога забележала еден згоден, отмен и cekcи маж во кафулето.
Тој и приоѓа и уште пред да успее да му се извини за непријатното “зјапање“ и шепнува на уво:
- Ќе направам се’ што ќе посакаш за 10 евра, но само под еден услов!
Трпана изненадено прашала кој е тој услов, а тој и одговорил:
- Мораш во 3 збора да ми опишеш што сакаш да ти правам!
Таа кратко размислила и со насмевка му ги става во рака клучевите од дома и му шепнува:
- Исчисти ми дома!