Најнови вицеви

Умира премиерот на Македонија. Утредента оди кај Свети Петар.
- Здраво Г-дин премиер.
- Здраво Свети Петар!
Вие Г-дин премиер сте важна личност и наш ред е да ви дадеме право на избор каде сакате да идете, дали во Рајот или во Пеколот. Затоа ќе останете по еден ден и на двете места за да видите како е и сами да си одлучите каде сакате да останете.
Одат прво во Пеколот. Влегува премиерот, гледа огромен базен, жени околу него. До базенот бар и сите стари негови пријатели од матните денове костумисани и дотерани. Свири некој добар бенд, околу играат жени. Ѓаволот страшен, облечен во некое скапо сако, се расфрла со пари и со жени околу него. Убавина! Поминува првиот ден, премиерот презадоволен!
Вториот ден оди во рајот. И таму многу убаво. Тишина, зеленило како на Беровско езеро. Свири убава музика, мил народ насекаде... И таму си поминал многу убаво, арно ама Пеколот му напраил многу поголем ќеиф и одлучил таму да се врати.
Оди премиерот повторно во Пеколот, влегува и има што да види. Пусто, чад од сите страни, смрдеж на умрено, пријателите негови како бездомници, невестите грозни...
- Премиерот: Абе, ѓаволе, вчера бев тука супер беше, базен, музика, жени, што бидна?...
- Ааа, Г-дин премиере. Исто како кај вас. Тоа вчера беше предизборна кампања, денеска веќе си гласал...
Си бил џуџе и одел по пат.Здогледал еден камен и седнал на него.По некое време по патот дошол поџуџе, го прашал џуџе дали може и он да седне на каменот.по некое време по истиот пат дошол и најџуџе, и он седнал до џуџе и поџуџе на каменот. по него дошол и човек.После 15 мин по друг пат дочол и почовек. и он седнал до нив. потоа дошол и најчовек и он седнал на каменот до другите петорица. си седеле така кога гледаат иде и џин. му направиле и на него место да седне на каменот. По 20 мин доаѓа и поџин. и он некако седнал на каменот. После доаѓа и најџин и некако му направиле место и он да седне на каменот. седеле така и си праеле муабет и решиле да си одат.Ама на патот накај дома имало огромна дупка. И пробал најџина да ја прескокне ама пропаднал.по него пробал и поџин ама и он пропаднал. По него рипнал и џин ама и он паднал. така рипнал и најчовек и он пропаднал. по него се залетал и почовек ама и он пропаднал. После рипнал човек и он пропаднал. По него најџуџе се двоумел ама и он рипнал и пропаднал.После рипнал поџуџе ама и он за несреќа пропаднал.на крај се залетал џуџе и ја прескокнал дупката.
- Зошто ја прескокнал??
- Затоа што имал NIKE патики!!!