Најнови вицеви

Еден селанец си имал една овца. Таа овца си ја сакал најмногу на свет повеќе и од жена му.
Еден ден додека ја пасел овцата му избегала. И така селанецот очаен по неговата овца ја барал цел ден, најпосле се стемнило ама селанецот не ја нашол неговата овца. И така тој решил да ја преспи ноќта во хотел. Отишол во најблискиот хотел. На рецепција побарал соба ама рецепционерот викал дека нема слободна соба. Селанецот бил упорен во барањето, и на крај рецепционерот рекол дека има слободна соба, но дека не може да спие на креветот така валкан. Селанецот му рекол дека ќе спие под креветот и така се договориле селанецот да спие под креветот. Рецепционерот го испратил селанецот во собата. Селанецот ги соблекот опинците и ги оставил пред врата. Потоа влегол во соба и легнал под кревет. Кај рецепционерот дошла една вљубена двојка и рецепционерот им ја дал собата каде што спиел селанецот. И така вљубената двојка право легнале на креветот и почнале да ја прават таа работа. На селанецот почнало од горте се да му се тресе. Утрото кога се разбудиле момчето и вика на девојката:
– Душо моја кога те гледам тебе како да го гледам цел свет.
Селанецот му вика:
– Момче, а ја виде мојата овца?
Се враќа мрежен администратор дома по 2 дена и жена му го чека на врата:
– Ајде сега да ми објасниш каде беше и што правеше!
Човеков сиот расеан вели:
– Види драга, вчера требаше да се одржи состанок на работа и чекавме додека дојде делегација од странство. Откако заврши состанокот, доцна вечерта почна да врне силен дожд. Една колешка што работи како секретарка требаше да си оди дома и јас ја префрлив со кола. Пред нејзината зграда, штом тргнав дома предната десна гума ми пукна. Земав да ја поправам ама многу врнеше и секретарката ме покани да влезам кај нејзе да се напијам чај со рум додека не преврне. Штом преврна си реков да тргнам накај дома ама видов долу полиција и што да правам… Пиев алкохол и ќе ме казнат веднаш, си реков. Колешката ми понуди да преспијам кај нејзе, па затоа се враќам денес.
На сето тоа жената му одговара:
– Е да бе, ти мене ќе ме лажеш. Цела ноќ си ја преседел у канцеларија на интернет идиot еден!