Најнови вицеви

Што сакаат жените?
Ѝ даваш комплимент – не прифаќа.
Не ѝ даваш – се лути.
Ќе се согласиш – немаш карактер.
Не се согласуваш – не ја разбираш.
Ја бараш – досаден си.
Не ја бараш – не ти е гајле за неа.
Љубоморен си – лош карактер.
Не си љубоморен – не ја сакаш.
Задоцни една минута – Армагедон.
Ја нема цел саат – ништо страшно.
Излегуваш со другарите – и таа доаѓа.
Излегува со другарките – женска вечер.
Ќе погледнеш во друга – ќе ти ги извади очите .
Ја гледаат неа – тоа е комплимент за тебе.
Кога зборува – да ја слушаш.
Кога слушаш – зошто не збоуваш.
И обрнуваш внимание – досаден си.
Не и обрнуваш – како смееш!
Нежен си – сака силен маж.
Груб си – сака нежност.
Ја смируваш кога плаче – остави ме
Ја оставаш – бездушна свиња си.
Се грижиш за неа – доминираш.
Не се грижиш – не ја сакаш.
Ѝ помагаш во кујната – пречиш.
Не помагаш – Балканец.
И кажуваш дека фустанот ја прави дебела – лажеш
Не лажеш – навредуваш
Ја фалиш мајка и – се улизуваш
Не ја фалиш – типична машка свиња
Ја смееш – несериозен кловн си.
Зборуваш со други – ја игнорираш
Зборуваш со неа – ја гњавиш.
Ѝ правиш романтика – ајде побрзо на работа сум утре.
Ѝ бараш директно – шовинистичка свиња си.
Прашуваш кој ресторан – каков маж си ти
Не ја прашуваш – не и ги почитуваш желбите.
И раскажуваш како си помина денес – уф досаден си.
Не и раскажуваш – за ништо не разговараме повеќе.
Ја прашуваш како го поминала денот – сомнителен си.
Не ја прашуваш – ништо не те интересира за неа
Таа нека реши за ручекот – имај мислење барем еднаш
Сакам...
- Ова не е ресторант
Ќе изедеш цела чинија – свиња
Ќе оставиш малку – Јасно ми е. Не готвам добро како мајка ти.
Ѝ помагаш во чистењето – пречиш
Не помагаш – да, нека се мачи слугинката
Ја гушкаш – ѝ дишиш во увото
Не ја гушкаш – бесчувствително говедо
Многу работиш – ништо не правиш дома
Помалку работиш – ништо не носиш дома
Се грижиш за автомобилот – го сакаш повеќе од мене
Не се грижиш – и мене така ме „батали“
Трпе се враќа камен пијан дома и одеднаш губи свест. Се буди сабајлето, на ништо не се сеќава. Оди низ дневната гледа се искршено. Телевизорот на парчиња, прозорци искршени, врата откорната. Лом. Оди во кујната замислен, гледа на масата поставен најубавиот појадок на светот. И на масата писменце “Драги, те сакам најмногу на свет. Уживај во појадокот. Твојата женичка”.
Доаѓа син му и Трпе го прашува:
- Мали што е ова? Што се случува? Јас на ништо не се сеќавам. Се начукав ептен ама гледам мајка ти не е лута. Туку и гледај каков доручек ми спремила.
- А бе тато. Што да ти кажам. Се врати вчера во 2 саат камен пијан. Почна да кршиш. Да пцуеш. Да се дереш. Го крена цело маало на нозе. Дојдоа и комшии и полиција и се живо се собра. Туку мама те однесе да те облече во пижами за да си легнеш. Јас те држев, а она те соблакаше. Кога ти ги откопча панталоните ти и викна:
“Не ме допирај ороспијо! Јас сум оженет човек!”