Најнови вицеви

Ново! Од денес, поради огромниот интерес, во нашиот локален центар почнуваме и со настава за жени!
Заради инсистирањето на мажите - членови, курсот мораат да го посетуваат и нивните жени.
Час 1:
Како да појдете до продавница и да се вратите само со леб и млеко, за помалку од 45 минути. Павлово условување, со редукција на сумата на пари во паричникот.
Час 2:
Дали е изводливо да се купат помалку од два пара чевли месечно? Слајд презентација со фотографии на неухранети деца и на крокодилите од Африка (крокодилите исто така се неухранети).
Час 3:
Здравје: туширањето може да трае и пократко од 40 минути; сукњата може да биде и подолга од колена кога надвор е -5 степени целзиусови. Вежби за туширање во присуство на партнерот. Забрането внесување на видео опрема.
Час 6:
Користење на програмата Nero Burning Rom. Серија на практични вежби. Обезбедени се резервни компјутери во доволни количини.
Час 7:
Користење на Nero Burning Rom. Вежби за концентрација и дишење.
Час 8:
Користење Nero Burning Rom – напреден курс:
"Сега кога научивме како да режиме CD-a, ајде да научиме како пред режењето да внесеме празно CD во компјутерот!". Вежба за демонстрација. Обезбедени се десет котури со CD-a и неколку комплети за прва помош.
Час 9:
Менување гума (за автомобил) - како да го направиме тоа без да запираме други возила и да пружаме сексуални услуги? Студии на разни случаи со:
- Видео-презентации од можните последици на промискуитетот.
- Мапа на вулканизери
Час 10:
Научете го својот мајчин јазик - читајте како што е напишано, зборувајте како што мислите. Како да изговорите ДА наместо МОЖЕБИ, како да изговорите ДА наместо НЕ ЗНАМ. Напреден курс за црнки и смеѓи: како да изговорите ДА наместо НЕ! Напреден курс за плави: како ПОНЕКОГАШ да изговорите НЕ наместо ДААА! Терапија на условување со хипноза.
Час 11:
Тренинзи за самодоверба: како за помалку од 18 минути да одлучите која боја фустан да облечете, како да се решите за помалку од половина живот за кој маж да се омажите... Писмен тест, 20 прашања со повеќе дадени одговори на избор (а-б-ц). Траењето на тестот е ограничено на 210 минути. Обезбедени се пилули за смирување. Забрането е внесување на лак за нокти.
Час 12:
Вежби за координација: како да зборуваш и да размислуваш во исто време. Напреден курс: како да зборуваш, размислуваш и одиш на штикли во исто време. Вежби во сала, со аудио примери, стручњаци и дежурна медицинска екипа.
По завршувањето на курсот преживеаните жени ќе им бидат врачени на своите мажи.
Се појавил Господ и им рекол на мажите да се постројат во две колони, во првата колона да застанат сите мажи кои се главни во бракот и кои се глава на фамилијата а во другата колона мажите кои се под влиjание на жените.
Се построиле мажите и што ќе виде Господ, колоната во која мажите се под влиjание на жените била километарски долга додека во другата колона имало само еден маж.
Се налутил Господ и почнал да вика:
- Како не ви е срам Јас ве создадов вас, за да бидете главни, глава на фамилијата, а не да ме срамите, да бидете под влијание на жените. Ништо не сте научиле, од вас сите само еден ги исполни моите очекувања.
Се свртел кон единствениот маж кој бил во другата колона и го прашал:
- Ајде кажи ми ти сине како ти успеа да бидеш единствен во ова колона?
Mажот одговорил:
- Немам појма, жена ми ми рече да застанам тука.
Градоначалникот на општината требало да одржи говор на прослава по повод 15 годишнината од службата на општинскиот свештеник.
Бидејќи градоначалникот доцнел, свештеникот решил да одржи краток говор за да помине времето.
- Првиот свој впечаток за општината јас го добив од првиот исповед.
- Кога го сослушав си помислив дека Архиепископот ме прати на ужасно место.
- Првиот човек кој се исповеда ми кажа дека крадел пари од своите родители, дека многу крадел на работното место, често ја изневерувал жената со пpoctиtуtkи, а понекогаш продавал и дрога.
- Како капак на сето тоа ми кажа дека се заразил со венерична болест од својата сестра.
- Бев потресен...
- Но со текот на времето се запознав и со другите луѓе и видов дека не се сите такви.
- Видов паметни, добри и одговорни луѓе.
- Ете така поминаа 15 години од мојата кариера како свештеник.
Конечно дошол и политичарот за да оддржи својот долгоочекуван говор. Се извинил за доцнењето и почнал:
- Никогаш нема да го заборавам тој ден кога се појави нашиот нов свештеник.
- За моја огромна среќа јас прв се исповедав кај него...
Седи Трпана дома, кога некој заѕвонил на врата. Таа отворила, а пред вратата стоел непознат маж кој ја прашал:
- Имате ли вие пичka?
Трпана шокирано му ја треснала вратата. Следниот ден пак исто, па вечерта сета вознемирена, му раскажала на Трпе што се случило. Трпе прво добро го испцул перверзњакот и се договориле следниот ден тој да не оди на работа во случај пак да се појави оној човек.
Следниот ден, пак ѕвони некој. Трпе се сокрил позади вратата. Трпана отворила, а пред вратата истиот човек и прашува:
- Добро, имате ли вие пичka?!
Трпана собрала храброст и му одговорила:
- Имам!
На тоа тој и рекол:
- Епа тогаш, кажете му на маж ви да ја користи вашата, а не на жена ми!