Најнови вицеви

Домашната помошничка побарала зголемување на платата.
Газдарицата многу се налутила и ја прашала:
Па добро Марија, кажи ми ја причината зошто мислиш дека заслужуваш зголемување на платата?
Марија одговара:
Не е една причина, туку се три.
Газдарицата:
Па добро, кажи ми ја првата.
Марија:
Првата причина поради која барам зголемување на платата е затоа што јас подобро пеглам од Вас.
Газдарицата:
А кој го кажува тоа?
Марија:
Тоа го вели вашиот сопруг.
Газдарицата:
А која е втората причина?
Марија:
Затоа што подобро готвам од Вас.
Газдарицата:
Немој да ми кажеш дека тоа повторно го вели мојот сопруг?
Марија:
Токму така, тоа го вели Вашиот сопруг.
Газдарицата:
А која е пак третата причина?
Марија:
Третата причина е тоа што сум подобра љубовница од Вас.
Газдарицата (сега видно изнервирана):
Немој да ми кажеш тоа повторно го кажал мојот сопруг?
Марија:
Не госпоѓо, тоа го кажува Вашиот градинар.
Газдарицата:
Колку сакаш да ти ја зголемам платата?
„Ербас 380“ на лет преку Атлантикот. Лета со 800 километри на час, на 30.000 стапки, кога одеднаш се појавува „јурофајтер“ со „темпо Мах 2“.
Пилотот на „јурофајтер“ намалува и почнува да лета покрај „ербасот“, па го поздравува пилотот преку радио.
- „Ербас“, летот е досаден, нели? Чувај се и фрли еден поглед тука.
- Вели пилотот и забрзува со „јурофајтер“, прави егзибиции, го врти на грб, ја пробива звучната бариера, се издигнува забрзано до големи височини, за веднаш да слезе речиси до морето. Повторно го бара пилотот на „ербас“ и го прашува:
- Како ти се чинеше ова?
Пилотот на „боинг“ му одговара:
- Доста импресивно, но сега ти погледни!
Пилотот на џет-авионот го гледа „ербасот“, но ништо не се случува, туку продолжи да лета право со истата брзина. По пет минути пилотот на „ербасот“ му вели на другиот пилот:
- Што ќе кажеш за ова?
Збунет, пилотот на џет-авионот го прашува:
- Што направи?
Другиот пилот се смее и му вели:
- Станав, си ги истегнав нозете, отидов во бањата, се напив кафе, каснав торта од цимет и закажав состанок со стјуардесата за наредните три вечери во хотел со 5 ѕвезди, платен од мојот работодавец.
Поуката на приказната:
Кога сте млади, брзината и адреналинот се чинат одлични. Но, како што стареете и станувате помудри, удобноста и мирот не се на одмет.