Најнови вицеви

Во едно село млад човек оди кај попот:
– Оче, грешев!
– Со која бе синко?
– Не можам да ви го кажам името!
– Со жената на кметот или на докторот? Не, не со тие!
– А со жената на поштарот? И со неа нашите мажи прават грешки!
– Не, и со неа не сум!
– Штом не ми ги кажуваш имињата нема да ти ги простам гревовите! Излегол тој од црквата и веднаш пријателите го заобиколиле:
– Што стана?
– Не ми ги прости гревовите, ама научив адреси на неколку нови „кандидатки”!
Девојката му се доверува на својот дечко дека никогаш во животот немала cekc и бара од него да ја подучи нешто околу тоа.
– Ок, мила. За поедноставно да ти објаснам, твојот полов орган ќе го наречеме затвор, а мојот затвореник! одговара дечкото.
– Сега прво што треба да направиме е да го ставиме затвореникот во затвор. – продолжува дечкото.
По првиот cekc во животот, девојката лежи насмеана во креветот, закачајќи го дечкото:
– Драги изгледа дека затвореникот избега.
Вртејќи се накај нејзе насмеан, одговара:
– Тогаш ќе мора да го вратиме повторно во затвор.
По завршувањето на вториот пат, дечкото полн со себе пали цигара, кога девојката пресреќна со новото искуство повторно му се жали:
– Мило, затвореникот повторно избега.
Дечкото со последни сили повторно се издига на ниво на задачата. По ова целосно исцрпен легнува на креветот, кога девојка му пак го подбуцнува:
– Драги… Затвореникот… Повторно избега.
Уморно вртејќи се накај нејзе, одеднаш и се развикува:
– АЛО БРЕ, ПА НЕ Е ОН НА ДОЖИВОТНА РОБИЈА!!! ЈАСНО!!!