Најнови

Студент оди кај Професор и го моли за шестка:
Студентот : Професоре дај пиши ми 6 да ја земам годинава, да не ме бутнат за еден испит.
Професорот : Ако изброеш колку сијалички има овде во собава.
Студентот : (Брои) еден два три четири пет шест (и му вели) шест Професоре.
Професорот : (Професорот изваѓа една сијаличка од џеб и му вика) е неточно изброи и оваа во џебов што ја имам вкпуно се седум....
Студентот повторно го наоѓа Професорот и го моли...
Студентот : Професоре дај молим те пиши ми 6 уште твојот испит да го земам и ја минам оваа година.
Професорот : Е ај повтороно изброи колку сијалички има во собава.
Студентот : (Брои) еден два три четири пет шест (И му вели) седум Професоре.
Професорот : Е кај најде сега седум јас немам сијаличка у џеб овој пат.
Студентот : (Вади сијаличка од неговиот џеб и му вика) Сега јас имам професоре!!!
Кристофер Колумбо ја открил Америка само затоа што: БИЛ НЕОЖЕНЕТ! Да имал Кристофер Колумбо жена, би било следново:
• А зошто мораш да одиш баш ТИ?
• А зошто не пратат некој друг, не си ти единствен?
• Без тебе не можат?
• Дали си ти глуп или луд?
• Зарем не гледаш дека те искористуваат?
• Не го знаеш ни моето семејство, а одиш да откриеш нов свет!
• Што криеш? Не ни знам каде одиш! Каква бре округла Земја?!
• А што, само мажи ќе патуваат?! Ма немој…
• А зошто не можам и јас ако си ти шеф? Никогаш не си ме водел на патувања!
• Несреќник, не знаеш веќе што се би измислил само да не си дома!
• Ако излезеш од таа врата, јас од истата ќе се вратам кај мама! Бесрамник!
• Сѐ си испланирал, лопов!
• Ти одамна си се договорил со тие Индијанските KYPBИ!
• Ти мислиш дека јас од круша сум паднала?
• Што велиш?! И кралицата би го продала својот накит само ти да патуваш?! Што мислиш ти, дека јас сум глупа?! Што има помеѓу тебе и таа баба?!
• Не може да одиш, и готово!