Најпопуларни вицеви

Трпана отишла на службено патување му пишува порака на Трпе:
„Душо, накратко. Треба да сте во градинка во 8:10-8:15, значи разбуди ја Мила во 7:30-7:35. Облечи и хулахопки, темно-сините, маица од втората фиока, најдолу, виолетова или розева блуза (фиока – втора, најдолу). Се е во плакарот.
Земи го розовиот фустан – закачен е во плакарот во одделот за кошули на малата закачалка, бели чорапчиња, сандалки. Во градинката пресоблечи ја. Пробај да и направиш две репчиња. Шнолките се во најгорната фиока на плакарот, во бела лименка под кутиите од чевлите со слики. Потоа види какво е времето. Или облечи? розово палто, виолетова капа и розов шал, или зеленото, плишените, иста боја капа, без марама, на нозете – новите чевли.
Провери и приготви си го сето тоа уште вечерва. Ако нешто не најдеш, ѕвони и прашувај, не спијам уште.“
Трпе одговара:
- „Решивме да не одиме во градинка“.
Се шета Африканец, мигрант, во Германија. Налетува на еден човек и започнува да му збори:
- Фала што ме примивте, што ми дозволивте да живеам овде, што ми дадовте здравствено осигурување, место да живеам, храна за да јадам и се останато.
Човекот зачудено му вика:
- Ама јас не сум Германец, јас сум Македонец.
Африканецот му вика:
- Се извинувам.
Продолжува да шета Африканецот и забележува друг човек и му приоѓа.
- Фала што ме примивте, што ми дозволивте да живеам овде, што ми дадовте здравствено осигурување, место да живеам, храна за да јадам и се останато.
Човекот го гледа и му вика:
- Јас не сум Германец, јас сум Турчин.
Африканецот повторно:
- Се извинувам.
Продолжува повторно и здогледува друг човек и започнува пак:
- Фала што ме примивте, што ми дозволивте да живеам овде, што ми дадовте здравствено осигурување, место да живеам, што ме примивте како бегалец, фала ви за сé.
Човекот му одговара:
- Супер, ама јас не сум Германец, јас сум Арап.
Африканецот збунето го прашува:
- А добро каде се сите Германци?
Арапот погледнува на саат и му враќа:
- Ова време, изгледа на работа.