Најпопуларни вицеви

Станува човек сабајле во паника, доцни на работа.
Набрзинка тркнува до кола, сфаќа дека му ја украле. Зема такси, оди на работа ама предоцна – шефот му вика дека поради доцнењето добива отказ. Се враќа дома, ја начекува жената со друг. Решава да се самоубие. Таман да рипне од мост, слуша глас:
- Синко, што планираш да  правиш?
Се врти, го гледа Дедо Мраз.
- Да се убијам, доста ми е од се.
- Не е убаво тоа. Јас сум Дедо Мраз и можам да ти исполнам три желби.
- Сакам! Прво, да ме вратиш на работа.
- Средено.
- Да ја најдам колата.
- Средено.
- Да можам да и простам на жена ми.
- Средено, само што ќе се вратиш дома, ќе те моли.
- Фала ти најмногу на свет.
- Нема проблем, само… бидејќи ти исполнив три желби, сакам и ти мене да ми исполниш барем една.
- Кажи, која било.
- Да попушиш.
Клекнува, завршува работа. Дедо Мраз, закопчувајќи си ги панталоните, го прашува?
- Добро синко, а колку години имаш ти?
- 35. 
- И уште веруваш во Дедо Мраз?
Чак Норис, Супермен и Брус Ли се натпреварувале кој најдобро слуша. Почнал Супермен и вика:
- Спијам јас една вечер и почнав да слушам чудни звуци. Одам во една соба нема ништо, одам во друга соба и што да видам пајакот пајажина плете. На тоа Брус Ли му враќа и вика:
- Ништо не е тоа. И јас една вечер спијам и нешто шушка, тропа, чудни звуци испушта. И станав да видам што е работата. Одам во една соба нема ништо, одам во друга соба нема ништо, одам во ВЦ и што да видам чешмата почнала ‘рѓа да фаќа.И на крај Чак Норис вика:
- Пфф… тоа ништо не е. Јас една вечер спијам и исто почна нешто да тропа, да испушта некои мистериозни звуци и станав да проверам што е. Одам во една соба ништо, одам во друга соба ништо, во ВЦ ништо. Се враќам во спалната отварам шифоњер и што да видам капутот од мода ми излага.