Најпопуларни

Разговараат двајца пријатели и едниот раскажува како си поминал во Шпанија.
– Кога бев во Шпанија, гледав борба со бикови. По борбата влегов во најблиското ресторанче да пробам некое национално јадење. Додека чекав, келнерот помина со еден послужавник, на кој имаше една чинија полна ориз со магдонос, а врз него две големи топки од месо. Го прашав што е тоа и тој одговори дека тоа е Тестароса, специјалитет кој се прави од тестисите на бикот. Еднаш сум во Шпанија па решив да пробам и ми се допадна. По неколку дена се вратив пак таму и си нарачав од истото јадење. Овој пат келнерот ми донесе една мала чинија со малку ориз и две мали топчиња месо на врвот. Прашав дали не ја згрешил нарачката за Тестароса, а тој ми вели: „Не, Сенор, јадењето е исто… само понекогаш бикот победува.“

- Шефе, сакам покачување на платата! Многу работам а малку пари земам!
– Штоооооо? Ама многу безобразен си станал ти! Добро, ајде сега да ти објаснам мрзо една колку работиш ти. Колку денови има во годината? Е, така! 365! Точно. Секој ден, 8 часа ти одат за спиење, што вкупно прави 122 дена годишно. Така. Остануваат 243 дена. Од нив 8 часа на ден слободно време, нели така (8 часа е работниот ден, 8 часа спиеш, 8 часа слободни, т.е 3х8 = 24). Така, уште 122 дена си правиш што сакаш и каде сакаш. Остануваат 121 ден. Е сега, нели има 52 недели во годината! И во недела не работиме, нели? И колку дена остануваат? 69 денаааа. Така. Ми ја следиш ли мислата? Во петоците попладне се опуштате, нешто Мотика ова она – значи да ги сметаме петоците за пола работен ден, што значи 52 половинки, или уште 26 неработни денови. Кон тоа додаваме и по еден час сурфање после паузата за ручек секој ден, и што излегува? Уште 8 дена во годината сте зафатени со јадење пици, сендвичи и сурфање. Колку останаа? 35 дена. Ајде сега одземи ги тие 20 дена платен годишен одмор – остануваат 15 дена. А во Македонија, колку што знам јас има 15 државни празници. И што остана? Покачување! Аре бегај од тука не си го троши работното време за џабе!