Најпопуларни вицеви

Современи ТЕШКИ клетви:
Лајк да не видиш!
Вонземјани од одмор во Охрид да те земат!
Да даде Господ Латас кравата да ти бира!
Обвинител во банката да ти влезе!
Здравствена реформа да те фати!
Да пукнеш како смартфон на плочки!
Милиони да имаш, и сите за даноци да ги дадеш!
Шминките да ти се исушат!
Со Вeлија Рамковски ортак да станеш!
Да даде Господ син ти зет да донесе дома!
99 дена на диета да си, 99 кила да качиш!
Двете страни на перницата да ти бидат излигавени!
Од вежби аир да не видиш!
Да ти гризне Калиопи од сендвичот од МекДоналдс!
Силиконот да ти пукне!
Да даде Господ девојка ти во Фотошоп да ти се средува!
Платата да ти ја дадат во десетденарки.. метални.
Тирамису со фета сирење да правиш!
Никогаш да не можеш да си ја погодиш водата кога се тушираш!
Бившиот дечко без пудра да те види!
Со позитивното ти размислување по твојата глава!
Да даде Господ детето матура да ти прави како оние во Бугарија!
Постот на Фејсбук да ти го пријават!
Со јужнокорејски авион на Малдиви да одиш!
Да даде господ Линексот шо го носиш за секој случај на одмор, да ти притреба!
Да ти пукне кондомот ко пневматик на F1!
Да даде Господ Драган Вучиќ да и рече на ќерка ти “Браво Султанке”!
Да отидеш во некој хотел кај шо WiFi-то не дофаќа до вецето!
Да даде господ на свадбата Гулабица да ти пее!
На следните избори во сабота да гласаш!
Реченици кои никогаш, ама никогаш не се кажани:
1. Оваа фрлачка на ѓуле е многу cekcи.
2. Одвај чекам пак да отидам во Охрид.
3. Завршив факултет и сега сум машина за пари.
4. Ние изгубивме на изборите.
5. Оскарот за најдобра машка улога оди кај… Леонардо ди Каприо.
6. Нашите политичари мислат за Македонија.
7. Тоа дете ме удри на улица, да е живо и здраво.
8. Познавам некои кој се збогатил со работа.
9. Многу сум среќен што ми ја намалија платата.
10. Шефе, имам премалку работа.
11. Пивскиот стомак супер ти стои.
12. Те молам, никогаш не ја дели веѓата на две.
13. Овие бели спортски чорапи со два вкрстени тениски рекети и сандали, многу ме возбудуваат!
14. Многу месо има во оваа виршла!
15. Македонските национални телевизии нема повеќе да емитуваат турски серии.
16. ВМРО: Македонија е последна во Европа.
17. СДСМ: Македонија е лидер во Европа.
18. Заев и Груевски успеаја да се договорат.
19. Грција не призна под уставното име.
20. Македонскиот фудбалски репрезентативец постигна хетрик!
21. Македонската фудбалска репрезентација ќе учествува на Европското првенство во фудбал!
Како функционира државата? (виц со многу вистина во него).
Си седел еден цар на тронот и слушнал како некој вика: „Ајде на убави јаболка-а-а-а!“
Погледнал преку прозорецот и видел еден старец со запрежна кола продава јаболка, а околу него толпа купувачи.
Му се пријало на царот од овошјето, го викнал советникот и му рекол: „Еве ти пет златници, трчај да ми купиш јаболка за царот.“
Советникот го викнал министерот и му рекол: „Еве ти четири златници, трчај да купиш јаболка за царот.“
Министерот го викнал помошник министерот и му рекол: „Еве ти три златници, трчај да купиш јаболка за царот.“
Помошникот на министерот го викнал шефот на стражата и му рекол: „Еве ти два златници, трчај да купиш јаболка за царот.“
Шефот на стражата викнал еден стражар и му рекол: „Еве ти еден златник, трчај да купиш јаболка за царот.“
Стражарот излегол, го сретнал старецоти и му рекол: „Еј, што си се развикал бе? Ова пазар ли е или царски дворец? Марш оттука, а јаболката ќе ги конфискувам!“
Се вратил стражарот и рекол: „Еве, шефе, добар бизнис. За еден златник – половина кола јаболка.“
Шефот на стражата отишол кај помошникот на министерот: „Еве, значи, за два златнка една вреќа јаболка.“
Помошникот отишол кај министерот: „Еве министре, за три златници една торба јаболка.“
Министерот отишол кај советникот: „Еве, за четири златници половина торба јаболка.“
Советникот конечно се вратил кај царот: „Еве, ваше величество, како што заповедавте – Повелете пет јаболка.“
Седи царот во престолот и си мисли: „Пет јаболка – пет златници. Едно јаболко – еден златник. А народот ред чека за да купи.
НА ОВОЈ НАРОД ТРЕБА ДА МУ СЕ ЗГОЛЕМАТ ДАНОЦИТЕ!“