Најпопуларни вицеви

Еден ден, додека дрвосечачот сечеше гранка од едно дрво над реката, неговата секира падна во водата. Кога заплака, се појави Господ и го запраша зошто плаче.
Тој му одговори дека секирата му паднала во водата и дека му е потребна, бидејќи така заработува за живот. Господ слезе во реката и се појави со златна секира.
- Ова е твојата секира?
- Не.
Господ повторно слезе и се појави со сребрена секира.
- Ова е твојата секира?
- Не.
Господ повторно слезе и се појави со дрвена секира.
- Ова е твојата секира?
- Да.
Господ беше воодушевен од чесноста на дрвосечачот па му ги даде сите три секири и дрвосечачот среќен си отиде дома.
После некое време, дрвосечачот се шетал со својата жена покрај реката, и жената му падна во реката. Тој заплака, а Господ повторно се појави и го запраша зошто плаче.
- Господе, жена ми падна во реката!
Господ слезе долу и се појави со Анџелина Џоли.
- Ова е твојата жена?
- Да! – рекол дрвосечачот.
Господ налутено...
- Ме лажеш! Тоа не е вистината!
- Прости ми Господе. Да речев дека не е моја жена, ти ќе се појавеше со Џенифер Анистон. Кога ќе речев дека и таа не е моја жена, ти ќе се појавеше со мојата жена. И кога ќе кажев дека тоа е мојата жена, ти ќе ми ги дадеше сите три и заради тоа реков дека Анџелина Џоли е мојата жена!
Брачен пар се вози по автопат, полека со 100 km/h. Жената седи зад воланот, а мажот мирно ја разгледува околината и изненадно се врти кон жената па и вели:
- Оженет сум преку 20 години, но сакам да се разведеме.
Жената ништо не вели и продолжува да си вози мирно, но накачува на 110km/h. Мажот повторно:
- Не сакам да се обидуваш да ме одвратиш од замислата! Во врска сум со твојата најдобра другарка!
Жената пак останала мирна, но брзината пораснала на 120km/h.
- Сакам да ја задржам колата.
Брзината пораснала на 130km/h. Тој продолжил:
- Ги сакам и сите картици и нашиот брод и куќата! Јасно ли ти е?!
Автомобилот полека почнал да се движи кон бетонски мост. Тоа го направило мажот нервозен, па ја прашува жена си:
- Ти, ништо не сакаш за себе?
Брзинометарот покажувал 150km/h.
- Не, јас имам се што ми треба.
- О, да? – иронично забележал мажот.
- А, што тоа имаш?
Пред да се накачи стрелката на 160km/h, таа полека се свртела кон него и му рекла: воздушно перниче!
На еден војник му стигнува писмо од неговата девојка во кое таа му пишува:
- Драг Трпе! Јас веќе неможам да бидам со тебе. Далечината меѓу нас е преголема. И морам да ти признаам дека четирипати те изневерив откако отиде во војска. А тоа не е во ред. Извини те молам и испрати ми ја сликата што ти ја дадов. Поздрав Трпана.
Војникот, целиот потресен од писмото оди кај другарите и бара фотки... Сите можни што ги имаат, од мајки, од сестри, девојки, баби. Собрал вкупно 76 ги ставил во писмо и на него напишал:
- Драга Трпана! Жал ми е ама не се сеќавам која беше ти. Те молам пронајди си ја сликата, и земи си ја, а другите врати ми ги. Поздрав.