Најпопуларни вицеви

Откако ставил стотици големи криминалци зад решетки, еден ден Шерлок Холмс претерал со кокаинот. Се предозирал и умрел. Отишол во Рајот. Таму на вратата го пречекал Свети Петар.
– Кој си ти бе? – Прашал Свети Петар.
– Како?! Зарем не ме познаваш? Јас сум најголемиот детектив во светот. – Одговорил Шерлок Холмс.
– Не зафркавај! Озбилно? Ако си толку голем детектив, можеш ли да ми завршиш една работа?
– Секако. Што?
– Во Рајот има милиони луѓе. Оди внатре и да ми ги најдеш Адам и Ева.
– Океј. – Рекол Шерлок Холмс и влегол во рајот.
По три дена Шерлок Холмс доаѓа и му носи на Свети Петар еден маж и една жена.
– Еве ти го Адам. Еве ти ја и Ева.
Свети Петар останал запрепастен.
– Ти навистина си бил најголемиот детектив. Како ги најде бе човек?
– Елементарно Петар… И двајцата немаат папоци.
Нашол еден нашенец стара ламба, и како што е редот ја протрил. Од неа се појавил дух и му рекол:
– Имаш право на три желби!
– А бе, нема што да мислам, стави да пиеме по една ракија.
– Ама… Сигурен ли си!
– Стави, стави!
Што да прави духот – Става по една… Ја пијат…
– Сега ти останаа само две желби – мисли мудро!
– Нема што да мислам – давај уште по една!
– Ама, јас сум семоќен, можам да ти ја исполнам апсолутно секоја желба!
– Стави бе, да пивнеме уште по една.
Што да прави духот, должен е да се покорува. Става уште по една. Ја пијат…
– Ти остана последната желба, размисли внимателно што ќе посакаш!
– Стави да пиеме уште по една!
– Ама не може така, нема да ти останат желби! – Навреден вели духот.
– Ставај!
Ја става духот и третата тура, пијат заедно по една ракија… И потоа се прибира назад во ламбата. По неколку минути духот ја подава главата од ламбата и малку неразбирливо прашува:
– Абе ти четврта желба немаш ли?