Најпопуларни вицеви

Се вработил Трпе во локалната продавница и сопственикот му објаснувал како треба да ја зголеми продажбата со препорака на останатите артикли, и како искусен трговец веднаш му покажал пример со првата муштерика.
- Добар ден госпоѓо.
- Добар ден.
- Повелете, што ви треба?
- Ми треба Ариел прашок за перење.
- Госпоѓо, повелете, но јас покрај детергентот ви препорачувам и да си земете и Ленор омекнувач.
- Ох, да, убаво ме потсетивте.
Па му рекол газдата на Трпе:
- Гледаш ли Трпе, продаваш два производи, а таа дојде само по еден. Сфати ли како иде тоа?
- Да газда, разбрав, можам сега и сам.
Влегла млада госпоѓица и Трпе и приоѓа:
- Добар ден госпоѓице, повелете.
- Ми требаат влошки Always.
- Секако, повелете, но јас покрај влошките ви го препорачувам и ова средство за чистење стакла.
- Што ќе ми е средство за чистење стакло?
- Па кога веќе не можеш да се eбeш, барем избриши ги прозорите!
Се враќа жената порано од работа и го фаќа мажот и во спална како води љубов со многу привлечна помлада жена.
- Свињо ниедна! Како се осмелуваш да ми го направиш ова на мене – твојата верна жена, мајката на твоите деца! Те напуштам. Сакам развод веднаш!
Мажот и и рекол тивко:
- Може ли барем да ти објаснам што се случи те молам?
- Во ред, кажи ми, ама да знаеш дека тоа ќе ти се последните зборови што ќе ми ги кажеш!
- Вака... се качував во кола од работа кога оваа млада дама ме замоли да ја префрлам. Изгледаше толку тажна, осамена и нежна, па ми падна жал и ја качив во кола. Забележав дека е многу слаба, во валкана облека. По пат ми кажа дека не јадела цели три дена! Бидејќи ми стана ептен жал, ја донесов дома и ја стоплив пицата што ти ја направив синоќа а ти не сакаше да ја изедеш за да не се здебелиш. Кутрата, за 2 минути ја изеде цела.
Бидејќи беше многу валкана, и понудив и да се истушира. Додека се тушираше, забележав дека облеката и е многу стара, валкана и полна со дупки па и ја фрлив. Бидејќи и требаше облека, и ги дадов твоите фармерки, оние што со години не ги носиш дека ти биле премногу тесни. Исто така и ја дадов долната облека што ти ја купив како подарок за годишнина, а не ја носиш затоашто не сум имал вкус за долна облека. Ја најдов и блузата што ти ја подари сестра ми за Божиќ а ти не ја носиш само за да ја нервираш. И ги дадов и твоите чизми што ги купи во оној скапион бутик а не ги носиш затоа што некоја твоја колешка од работа носела исти такви...
Зима длабока воздишка мажот и продолжува:
- Беше толку среќна и благодарна, само да можеше да ја видиш, додека се облекуваше а јас стоев на врата, со солзи во очите ми рече:
- Те молам господине, дали имаш уште нешто што жена ти одамна го нема користено?
Понеделник
Се преселивме во новата куќа, многу ми е забавно да му готвам на мојот Перо. Денеска му направив многу убав колач по рецептата: “Одвоено мешајте 12 јајца”. Но иако немав доволно садови за мешање морав да позајмам од соседството за да ги изматам сите јајца одвоено. Но на крај сето тоа ми се исплати бидеји колачот испадна супер.
Вторник
Сакавме овошна салата за вечера. Во рецептата пишеше...: “Послужете без ништо”. Така и направив. Се соблеков скроз гола. Но Перо донесе еден пријател на вечера. Никогаш не сум видела почудни лица кога им ја носев салатата.
Среда
Одлучив овој ден да му спремам печурки. Во рецептата пишуваше вака: “Потребно е прво добро миење а потоа да ги ставите во зоврена вода”. Така и направив се измив убаво и потоа ги ставив печурките.
Четврток
Перо денеска ми донесе кокошка и ме замоли да ја средам за вечера. Не бев сигурна како да ја облечам, незнаев како се облекува. Но најдов преубаво фустанче и ја средив. Изгледаше преубаво, но кога ја виде Перо, излезе одма од кујната и броеше до дест. Многу ми беше чуден, можеби од работа го имаат изнервирано.
Петок
Перо ме замоли да отидам неколку дена кај мајка ми на гости, многу е срцка. Го сакам многу.