Најпопуларни вицеви

Шефот: Имаш 50 цигли во авион, фрлаш една,колку ти остануваат?
Кандидатот: 49
Шефот: Како во три потези ќе ставиш слон во фрижидер?
Кандидатот: Отворам фрижидерот, го ставам слонот внатре, го затворам фрижидерот.
Шефот: Како во 4 потези ќе ставиш жирафа во фрижидер?
Кандидатот: Отворам фрижидерот,го вадам слонот, ја ставам жирафата, го затворам фрижидерот.
Шефот: Лавот слави роденден, дали сите животни се присутни на забавата?
Кандидатот: Не, жирафата е уште во фрижидерот.
Шефот: Како баба ќе помине река полна со крокодили?
Кандидатот: Лесно, само ќе преплива бидејќи крокодилите се на роденден кај лавот!
Шефот: На крајот, бабата умира,зошто?
Кандидатот: Се удавила?
Шефот: Грешно! Ја погодила циглата од авионот! СЛЕДНИОТ!!!
Еден професор по математика и испратил факс на својата жена:
- Драга жено, сигурно ти е јасно дека веќе имаш 54 години, а јас имам одредени потреби кои ти едноставно веќе не можеш квалитетно да ги задоволиш.
- Од секоја друга гледна точка, нашиот брак е складен.
- Задоволен сум со тебе како жена и искрено се надевам дека овој факс нема премногу да те повреди или налути.
- После работа ќе одам во мотел со мојата 18 годишна асистентка, ама ќе се вратам дома пред полноќ.
Твојот сопруг.
Кога пристигнал во мотелот, на рецепција веќе го чекал повратен факс од жена му.
- Драг мажу, и ти имаш 54 години, а во моментот кога ќе ги читаш овие реченици јас ќе бидам во друг мотел со 18 годишниот келнер од блиското кафуле, а бидејќи си генијален математичар, сигурно нема да ти биде тешко да сфатиш дека 18 во 54 влегува многу повеќе пати отколку 54 во 18.
- Немој да ме чекаш.
Твојата жена.