Вицеви за баби и дедовци

Жена за роденденот си направила фејслифтинг. Се воодушевила од резултатот. Одејќи си дома влегла во еден бутик. Откако разгледала, му се обратила на продавачот:
– Знам дека е малку необично, но може ли да ве прашам колку години ми давате?
Продавачот ја погледнал и рекол:
– Пааа 35.
– Супер! Вистината е дека сум 45! – И задоволна излегла од бутикот.
Потоа отишла во „Мекдоналдс“. Откако си купила храна го прашала касиерот:
– Извинете за прашањето, но според вас колку години имам?
Касиерот ја погледнал:
– Мислам околу 30.
– Одлично! Како ќе реагирате ако ви кажам дека сум 45… – и задоволна излегла.
Застанала на автобуската постојка, а до неа имало само еден дедо. Жената не издржала:
– Дедо, извини за прашањето, но според тебе колку години сум?
– Да ти кажам искрено чедо, имам талент да познаам точно колку години си, но е малку е непријатно – треба да ти брцнам во гаќите…
Погледнала жената наоколу – нема никој. Се согласила. Буричка дедото во гаќите и за околу 5 минути, ја вади раката и вели:
– Ти чедо имаш 45 години.
– Невозможно, како позна?!!!
– Бев зад тебе во „Мекдоналдс“.
Дедо и баба на 70-тина годишна возраст, посетуваат омилени места од младоста. Седат во гостилница и разговараат. Бабата вели:
- Се сеќаваш ли дека во ова село ја имавме најдобрата партија таму до оградата на старата мелница? Како бик ме работеше...
Дедото дури ѝ нуди и сега да се обидат, како за споредба. Бабата е во добро расположение и двајцата тргнуваат со бастунчињата кон воденицата. На соседната маса маж си пие пиво и го слушнал разговорот. Одлучил дека тоа не е глетка за пропуштање и ги следел до воденицата, со претчувство за голема шега. Старците стигнуваат и дедото ги соблекува панталоните, а бабата си го крева здолништето, свртувајќи се со лицето кон оградата и се потпира на неа. Дедото не губи ни секунда и започнувааат луд сеkс, едни движења, едни вртелешки, таква флексибилност, како на 18 годишни љубовници. Бабата турка назад, дедото турка напред, двајцата се тресат од задоволство и екстаза, "О, Боже!" Човекот од гостилницата гледа, се поти и не може да поверува на своите очи. А старците не престануваат, додека конечно и двајцата не паѓаат на земја и едвај дишат од замор, ама се гледаат очи во очи, како млади вљубени. Сведокот на случката не издржал и оди кај нив:
- Луѓе, јас таков cekc досега во животот не сум видел! На ваши години... 35 минути... ти ја скина, бе! Ти ја пукна бе брат! Сакам да ја дознаам твојата тајна!
Дедото едвај наоѓа сили и промрморува:
- Ти од селово ли си?
- Да...
- А бе, вие нормални сте? Кој пуштa бе ваква јака струја по огради?!
Поздрав до сестра ми која е инвалид со песната “Стани моме да заиграш" (Народна песна).
- Поздрав до дедо ми кој инаку е глув со песната “Слушам кај шумат шумите” (Народна песна).
- Поздрав до комшијата и неговиот новороден син со песната “Сине мој” (Мухарем Сербезовски).
- Поздрав до сите пожарникари со песната “Запаличу пола града” (Драган Којич Кеба).
- Поздрав до мојот сосед кој има 70 години и е неженет со песната “Кад права љубов закасни” (Саша Матич).
- Ги поздравувам свекор ми и свекрва ми кои се дојдени кај мене на вечера со песната “Од каде дојдовте да не дојдевте” (Орце Стевковски Царот).
- Ја поздравувам мојата золва од Австралија која сега иди со авион наваму со песната “Црна се чума зададе” (Народна песна).
- Ги поздравувам сите слепи со песната “Ако ме погледнеш во очи” ( Тоше Проески).