Вицеви за баби и дедовци

Богат 90 годишен дедо се оженил со некоја доста помлада од него, 25 годишна женска. Прва брачна ноќ. Дедото чуka на вратата од спалната и вели:
- Мила, може да си ја извршам брачната обврска?
- Секако.
Дедото влегува во спалната, завршуваат работа и излегува.
После неколку минути пак се враќаа. Дедото пак завршува работа и си оди. Така повеќе пати се повторува и на 17-тиот пат женската не издржала и го прашала:
- Мажу, како може човек на твоја возраст да има cekc 17 пати?
Дедото се плеска со раката по челото:
- 17 пати?! Ебати склерозата...
Едно дете го прашува својот татко:
- Тато што е тоа политика?
- Епа тоа ти е вака сине: Јас во фамилијава заработувам, значи јас сум капитализам, јас им плаќам на чистачката и дадилката значи тие се работници. Мајка ти ве чува тебе и брат ти и се грижи за се што е дома, значи таа е владата. А дедо ти гледа како работи мајка ти значи тој е синдикатот. Брат ти бидејќи е сеуште во пелени тој е иднината. Епа сега сине јас ти кажав што е политика, а сега ти размисли па наредниот ден ќе ми кажеш како ти  ја замислуваш политиката.
Ноќта детето станало од креветот и тргна накај собата од малиот брат. Детето влегло во собата и  го гледа малиов брат испостран до врат. Оди кај мајкава а таа спие и никако не можи да ја разбуди. Оди кај таткото  и гледа дека татково внатре се работи со чистачката и дадилката, а гледа дека дедово постојано скришно ги гледа..и се вратило во собата... Наредниот ден таткото го прашува синот:
- Сине што е тоа политика?
На синот му текнало од вчерашната случка и рекол:
- Додека владата спиеше капитализмот ги дупеше работниците, синдикатот сето тоа го гледаше, додека иднината беше во гомна до гуша.
Тужител повикува сведок, баба од 80 години и ја прашува:
- Госпоѓо Трпана, дали ме познавате?
- Како не те познавам господине, те познавам уште од дете, но да ти кажам многу сум разочарана од тебе. Секогаш лажеше, ја изневеруваше жена ти, оговараш луѓе позади грб, манипулираш со нив. Вие мислите дека сте фаца, а уствари немате мозок ни колку една мува без глава... Да, јас добро ве познавам…
Тужителот потполно збунет поторно ја запрашува:
- А госпоѓо Трпана дали го познавате овде присутниот бранител?
- Да нормално дека го знам, го познавам господинот уште кога беше млад дечко. Тој е мрзливец, превртлив, а и има проблем со алкохолот. Со него не може да се воспостави нормален контакт, го бие глас и дека е најлош адвокат во земјава… Да не спомнувам дека ја изневерува својата жена со уште три… во која спаѓа и вашата жена. И него добро го познавам…
Бранителот слушајки го ова само што недобил инфаркт.
Судијата запрепастен ги повикува двајцата адвокати и тивко им шепнува:
- Слушајте вие двајца идиоти, ако ја прашате бабата дали ме познава, двајцата ќе летате во затвор…